Приказна за човек со Даунов синдром кој доби 2 подароци од судбината: Работа од соништата и љубовта на неговиот живот

Џејк Прат е човек кој, кога наполни 21 година, ја доби работата од своите соништа и сега се подготвува за венчавка со личноста што ја сака. Неговата приказна буди многу позитивни чувства и емоции затоа што е личност која се изборила со многу работи во животот.

Запознајте го Џејк, човекот кој не дозволи неговата состојба да влијае на него

Џејк Прат е млад човек, роден со Даунов синдром. Растејќи, неговиот пат не беше лесен. Во едно од нејзините интервјуа, сестрата на Џејк, Ејми Хајд, сподели дека „[лекарите] рекоа дека неговото оштетување ќе го спречи да живее каков било нормален живот и дека можеби дури и ќе треба да се институционализира“. Но, семејството на Џејк одби да се откаже. Тие го третираа како нормална личност, а не како личност која не може да функционира во општеството.

„Тој сакаше да биде во средношколски фудбалски тим кога некои луѓе сметаа дека тоа е невозможно, но тој го стори тоа. Тој сакаше да постигне тачдаун во игра и тоа го направи. Тој сакаше да оди на колеџ и го стори тоа “, сподели Хајд. Сега, Џејк има 2 работни места: го започнува секое утро со работа на терен за голф, а потоа работи како доставувач на пакети за UPS.

Работните места на Џејк не се само алатка за негово самореализирање и развој, но исто така го носат во контакт со нови луѓе. Луѓето се важен дел од животот на Џејк. Неговиот соработник во UPS, Ричард, исто така стана негов добар пријател и понекогаш, тие играат голф заедно.

Најсреќното достигнување му е кога пронашол љубов

Џејк и Грејс почнале да се забавуваат кога и двајцата биле во средно училиште. Грејс е посрамежлива од него, но сепак таа била иницијаторот и во 2017 го поканила да танцуаваат заедно. Оттогаш тие се во среќна врска веќе четири години.

Тие имаат заеднички ставови за нивниот иден заеднички живот. Ссонуваат да стапат во брак и да живеат самостојно. Во меѓувреме, Џејк штеди за веренички прстен, а Грејс ја планира нивната идна свадба. Тие се обидуваат да поминат што повеќе време заедно. Џејк ја посетува Грејс на нејзиниот колеџ и тие секој ден разговараат преку видео.

Џејк вели дека луѓето мора да престанат да гледаат поинаку на лица со Даунов синдром

Тој се надева дека неговиот случај ќе биде блескав пример за тоа како луѓето со Даунов синдром можат да живеа нормален живот како и сите други. „Сакам да бидам инспирација за децата со Даунов синдром. Сакам да бидам добар пример за нив.“, вели тој.