Приказната на еден млад „бизнисмен“: „Заработувам 1.700 евра неделно фаќајќи девојки кои изневеруваат на TikTok!“

Замислете ја оваа сцена. Сами сте, а телефонот на партнерот вибрира покрај вашите прсти, а шест неотворени пораки стојат. Можеби нема што да дознаете, но сега навистина сакате да се уверите. Ви го претставуваме „Тестот за лојалност“.

Овој тест вклучува некоја непозната личност да почне да се допишува со вашата сакана личност, за да видите дали реагираат на класичните пораки за додворување, како на пример „Еј, будна си?“, или дојде до размена на број, тогаш значи дека вашиот партнер/ка го паднале тестот. Спротивно на тоа, ако вашиот партнер ја игнорира пораката или каже дека е во врска тогаш „положиле“.

Во моментов, хаштагот за тест за лојалност има 415,1 милиони прегледи на TikTok, каде што креаторите на содржина ги објавуваат своите интеракции со партнерите на вознемирените љубовници.

За да се справат со побарувачката, многу креатори на содржини сега наплаќаат за нивните тестови. Некои поставуваат паушална стапка ( 1 $ – околу £ 0,73 – во некои случаи), додека за други, највисоките понуди победуваат.

Ксавиер Лонг (АКА @iceyxavier1) е 20-годишен креатор на содржина од Јерквуд, Алабама. Лонг има објавено 170 видеа од тестот за лојалност од јуни, достигнувајќи над 800.000 прегледи и 5,0 милиони допаѓања на неговите видеа.

Во интервју за Вајс, Лонг објаснува како се впуштил во овој „бизнис“: „Еден случаен тип ме замоли да направам тест за лојалност на неговата девојка. Направив видео за тоа, но не го објавив делот каде и пратив порака – само реков „видео за вториот дел“. Првото видео доби многу лајкови, па го објавив вториот дел, со нејзиниот одговор. Тоа е она што ме натера да почнам.“

Првиот тест за лојалност бил прилично успешен, односно неуспешен за девојката: „Почнав со велејќи ‘еј [вметнав емотикони со очи на срце]’. Таа веднаш врати и рече: ‘Еј, имам момче’. Јасно кажав дека не ми е гајле за нејзиното момче и и реков ‘тоа ќе биде наша тајна’. Потоа, таа ми го испрати својот број. Јас направив скриншот на пораката додека таа не ја избриша и веднаш престанав да одговарам. Реакцијата на нејзиното момче беше само ‘благодарам човеку’.“

Колку заработува оваа момче?

„Заработувам најмалку 200 долари (145 фунти) на ден. Ако луѓето прашуваат, јас велам дека наплаќам 10 долари (7 фунти), но најчесто луѓето велат: ‘Ја имам оваа сума пари, но ако таа падне на тестот, ќе ти испратам толкава сума пари’. Понекогаш, го правам тестот бесплатно, но со бројот на ДМ-пораки што ги добивам, зошто би направил еден бесплатно кога луѓето плаќаат? Најмногу што добив беше 750 долари (545 фунти). Претпоставувам дека бил богат? Неговата девојка падна на тестот, но тој сепак ги испрати. Нормално, луѓето ми испраќаат 100 долари (73 фунти).“

Еве колку заработува вкупно: „Заработив прилично добра сума. Немам точен број, но правењето на овие тестови ми овозможи да престанам да работам од девет до пет. Знам дека во првата недела заработив околу 2.000 долари [околу 1.453 фунти] и тоа беше најбрзиот и најлесниот начин на кој сум заработил пари.“

Ксавиер добива повеќе од 100 пораки на ден од мажи кои сакаат да ги тестираат своите девојки, а вели дека „најзабеганите“ понуди кои ги добил биле од момче кое сакало да ја стави на тест својата мајка и брат кој сакал да ја тестира својата сестра, затоа што нејзиното момче му бил најдобар пријател.

На прашањето, што мисли зошто мажите го прават овој тест, Лонг одговори: „Чувствувам дека некои луѓе го прават тоа затоа што сакаат нивната девојка да изневерува. Сакаат лесен излез. Некои фраери размислуваат да ја замолат да се омажи за него. Друго, тие размислуваат да ја замолат да се всели или да ја запознаат со нивната мајка – такви работи.“

Тој исто така вели дека освен материјалната придобивка е задоволен што „спасил“ некои луѓе да не останат во погрешна врска или пак им помогнал на некои да не се сомневаат во љубовта на својата девојка.