Приказната позади фотографијата од двајца пријатели кои избрале различни животни патеки
Двајца другари од детството се среќаваат за време на протест. Едниот е работник во фабрика, другиот е полицаец.
Гај Бурмие и Жан-Ивон Антињак биле пријатели од детството, но тие избрале различни патишта во животот. На 6 април 1972 година во Бретања, Франција, Гај бил дел од протестот за добивање подобри услови за работа. Жан-Ивон и други офицери биле повикани да ги смират демонстрантите.
Гај се сеќава на моментот:
„Бев дел од јадрото на бунтовни работници…Ние ја поминавме ноќта таму, пиејќи кафе по кафе. Утрото атмосферата беше „електрична“. Полициските службеници ненадејно се појавија. Таму го најдов Жан-Ивон!“
Фотографот Жак Гурмелен го снимил моментот кога двајцата се сретнале лице в лице.
Гурмелен, опиша што видел:
„Фотографијата ја направив инстиктивно. Гај го препознал својот стар пријател и соученик. Го видов Гај како оди кон својот стар пријател и го фати за јаката.
Гај викаше од бес и му рече: „Ајде удри ме додека си тука!“ Другиот не мрдна ни со прст“.