Приказната продолжува: 82-годишната пензионерка повторно се сретна со својот 36-годишен партнер кој ѝ прави „да се чуствува како девица“

82-годишна британска пензионерка повторно се сретна со својот 36-годишен партнер од Египет, откако биле разделени речиси една година додека тој чекал да добие виза.

Ајрис Мохамади, поранешна чистачка од Вестон-супер-Маре, која добива неделна пензија од 200 фунти (240 евра), го запознала Мохамед Ибрихам, од Каиро, на Фејсбук во летото 2019 година.

Двојката подоцна се запознала лично, и се венчале во ноември 2020 година. Но, поради тоа што Мохамед чекал виза, тие не се виделе од минатиот декември, одржувајќи контакт преку телефон и Фејсбук разговори.

Ајрис, која се здоби со национална слава откако сподели детали од нејзиниот с*ксуален живот со Мохамед, откри дека пазарела кога Мохамед и се јавил да и каже дека добил тригодишна виза откако ги исполнил барањата за англиски јазик и докажал дека можеше да се пресели кај Ајрис.

„Не прославивме, заедно сме и тоа е доволно“, објасни таа. „Само пиевме чај заедно. Мохамед е среќен, но во моментов нема што да каже. Тој е еден од оние повлечени Египќани“.

Ајрис се најде на насловните страници по нејзината венчавка со Мохамед, а претходно изјави дека тој „прави таа повторно да се чувствува како девица“.

Таа, исто така, сподели искрени детали за нејзиниот с*ксуален живот, за кој може да прочитате тука.