Приказната за бездомникот кој нашол чек од 8.900 евра на улица е една од оние кои ќе ви ја обноват верата во човечноста

Елмер Алварез бил бездомник кога го нашол чекот со голема сума пари. И иако многумина без многу размислување би ги земале парите тој решил да го најде сопственикот.

 

Како и многу други на негова позиција, Елмер се борел со зависност од дрога, ментални проблеми и имал кривична историја, но се решил да го промени својот живот три години пред да го најде изгубениот чек.

„Кога го најдов чекот, веднаш помислив дека треба да го најдам сопственикот. Не ни помислив да го кеширам,“ рече Елмер. Со помош на пријател, го пронашол сопственикот, Роберта Хоски, брокерка за недвижности во Нју Хејвен, Конектикат, САД.

 

Роберта, која била изненадена што Елмер не изгледал како што очекувала, му понудила награда, по што Елмер се расплакал. Но тоа не беше сè што направи Роберта. Таа му помогна да најде стан и му ја платила ќиријата за седум месеци однапред исто така го запишала на курс за недвижности.

Тие започнале заеднички проект за изградба на транзициска куќа за бездомни тинејџери и млади возрасни лица. Елмер, кој самиот бил бездомник, рече: „Никој не заслужува да живее така.“

Роберта, која е успешна во недвижности, откри дека самата имала сличен животен пат како Елмер. Таа ја опиша нивната врска во својата книга „Скршено проклетството на сиромаштијата: Приказната за Роберта Хоски“.

Во објава на Инстаграм, Роберта рече: „Ја споделувам вистинската приказна за Елмер Алварез во мојата книга, од моја перспектива, она што медиумите не го кажаа. Тој не знаеше дека сум самохрана мајка. Во еден момент бев на социјална помош. Во еден момент и јас се најдов без дом“.

 

Елмер, исто така, призна дека враќањето на чекот и гледањето на Роберта среќна е подобро од готовината и дека ќе го направи тоа одново.

Роберта додаде: „Треба да има повеќе луѓе како Елмер Алварез. Тој е момче со златно срце. Тој е феноменален човек“.

Роберта ја основа Фондацијата Outreach како непрофитна организација за да помогне во обезбедувањето прифатливи станови за семејства со ниски и умерени приходи.

  • Васе напиша:

    Убава приказна, една од малкуте, како капка во океан.
    Татко ми (бог да го прости), на времето во ексЈУ, плата примале во кеш. Ја ставил во паричник. Истиот му го украле на автобуска станица! По неколку недели добил разгледница од Црна Гора, со благодарност за убаво поминат одмор!!! Знаел македонецот дека ако му го врати паричникот со документите ќе добие „мкд“ награда!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *