Приказната за Џејмс Дин: Која е единствената жена која му го скрши срцето на познатиот заводник

Џејмс Дин беше еден од најпознатите холивудски актери на сите времиња. Беше вистински миленик на жените и познат заводник, но ја загуби својата најголема љубов во животот и никогаш не ја преболи.

Џејмс Бајрон Дин е роден на 8 февруари 1931 година во малото гратче Мерион, Индијана. Уште од најраното детство бил многу приврзан за својата мајка Милдред Мари Вилсон, за која тврдел дека е единствената што го разбирала.

Кога ненадејно ја изгубил од рак кога имал само девет години, неговиот живот радикално се променил. Неговиот татко го испраќа да живее на фарма со вујко му и тетка му, што драматично ќе ја наруши нивната врска до прераната смрт на актерот.

Неговите биографи тврдат дека утеха, друштво, но и духовно водство во тешките времиња нашол во методистичкиот свештеник Џејмс ДеВерд, кој наводно ја разгорел љубовта на Дин кон брзите автомобили.

На правниот факултет во Калифорнија ќе ја открие својата склоност кон актерството, што ќе го направи филмска легенда.

Лошо момче со меко срце

И додека во јавноста имал имиџ на лошо момче благодарение на улогите во филмовите „Бунтовник без причина“ и „Источно од рајот“, неговите познаници тврдат дека Џејмс бил далеку од таа слика. Често го менувал расположението и набрзина се трансформирал од тивок и повлечен, понекогаш срамежлив тип, во луд комичар кој може да го развесели целото друштво.

Сепак, студијата го охрабрувале да игра на картата на кул дечко кој ретко се смее во јавност, не вади цигара од устата и кој крши срца каде и да оди со својот мотор или спортски автомобил.

Благодарение на неговата магнетна привлечност и непобитната харизма, тој успеа да ги претвори и најобичните парчиња облека – сини фармерки и бела маичка – во моден тренд кој и денес се копира.

Џејмс Дин без сомнение го имал „тоа нешто“ што ги привлекувало луѓето без разлика на нивниот пол. Не му одолеаја ниту Мерлин Монро, Елизабет Тејлор, Џоан Крафорд и Џуди Гарланд. Но, тој не можеше да ја преболи загубата на љубовта на една актерка – Пјер Анџели.

Невозвратена љубов

Италијанската актерка Пјер Анџели и Џејмс Дин не биле во врска долго време, а има неколку причини за нивното раскинување. Нејзината мајка не одобрувала дека Дин не е католик, неговиот начин на живот, брзите автомобили и начинот на облекување. Исто така, луѓето од филмското студио со кое работел се обиделе да го одвратат да се ожени со Анџели.

Самиот Дин и признал на младата актерка дека се уште не е подготвен за брак, а набргу по нивното раскинување Анџели се свршила со пејачот Вик Дејмон и во 1954 година се венчале. Познатиот актер бил шокиран и со скршено срце.

Бидејќи бил во неверување и морал да се убеди дека сето тоа е вистина, на денот на венчавката Дин се појавил пред црквата со својот мотор.

Четиринаесет години по завршувањето на нивната врска, Пјер Анџели опиша како изгледала таа романса:

„Ќе одевме заедно до брегот на Калифорнија и таму тајно ќе престојувавме во куќа на плажа, што подалеку од љубопитните очи. Поголемиот дел од времето го поминувавме на плажа, седејќи, забавувајќи се, исто како децата на факултет. Би зборувале за себе и нашите проблеми, за филмовите и глумата, за животот и животот после смртта. Целосно се разбиравме. Бевме како Ромео и Јулија, заедно и неразделни. Понекогаш на плажа се сакавме толку многу што само сакавме да влеземе во морето заедно држејќи се за раце, знаејќи дека тогаш ќе бидеме заедно засекогаш.“

Џејмс Дин помина пет години во Холивуд и глумеше во три големи филмови – „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“ и „Џинот“. Му предвидуваа огромна слава и успешна кариера, но еден месец пред премиерата на „Бунтовник без причина“, 24-годишниот актер загина во сообраќајна несреќа.