Приказната за келнерката која го тужела работодавецот затоа што очекувала на подарок автомобил Toyota, но добила нешто сосема различно

Немаме сите храброст да се пријавуваме на различни натпревари за да ја освоиме големата награда. Сепак, некои секогаш бараат можност да грабнат нешто што навистина го сакаат, особено ако можноста за победа зависи само од вашата работа и малку среќа.

Џоди Бери поранешна келнерка на Хутерс, помислила дека добила животна можност откако од фирмата ѝ ветиле сосема нова Тојота, ако победи на натпревар за продажба на пиво во ресторанот.

Во 2001 година, изненадувачки, жената го срушила рекордот за продажба и победила. Но, кога ѝ ставиле превез на очите и ја однеле до паркингот на ресторанот Бери била прилично непријатно изненадена. Наместо долгоочекуваниот автомобил, таа доби мал пакет со играчка внатре. Односно наместо „TOYOTA“ добила „TOY JODA“ (играчка Јода). Оваа игра на зборови не ѝ била смешна на Џоди.

Таа била разбирливо бесна и не само што дала отказ туку и ги тужела Хутерс. Иако шефот на ресторанот тврдел дека тоа била само првоаприлска шега на крајот ресторанот направил спогодба со жената да ѝ исплатат отштета. Бери навела дека била оштетена со кршење на договор и погрешно наведување и излегла со неоткриена сума пари во џебовите.

Дејвид Нол, нејзиниот адвокат, бил цитиран велејќи дека сумата на пари што ја добила жената ќе биде „и повеќе од доволна за да го избере кој и да сака нов модел на Тојота“.