Приказната за најпаметниот човек што некогаш живеел и зошто не сте слушнале за него

Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелигенција од 160, Исак Њутн 190, а коефициентот на интелигенција на Марк Цукерберг е 152. Овие славни мажи се познати како апсолутни генијалци низ целиот свет. Но, некогаш живеел човек за кој се вели дека имал IQ помеѓу 250 и 300!

Вилијам Џејмс Сидс најинтелигентниот човек што некогаш живеел на планетата бил „чудо од дете“ и исклучителен математичар. Тој исто така бил и талентиран автор, но за жал малку луѓе имаат слушнато за него.

На возраст од 8 години, тој можел да зборува на 8 јазици

Вилијам е роден во Њујорк во 1898 година. Неговиот татко Борис бил психолог кој заработил 4 дипломи од Харвард. Неговата мајка исто така била доктор. Бидејќи неговите родители биле генијалци, се очекувал и Вилијам Џејмс Сидис да биде брилијантен, но неговата интелигенција се покажала како многу повеќе од обична.

На возраст од само 18 месеци, тој можел да го чита Њујорк Тајмс. На 8-годишна возраст, тој се научил сам да зборува латински, грчки, француски, руски, германски, хебрејски, турски и ерменски. Покрај овие 8 јазици, тој исто така го измислил својот и го нарекол „Вендергуд“.

Тој станал најмладата личност што се запишала на Харвард

Многу свесен за неговата интелигенција, неговиот татко се обидел да го запише на Харвард, но бил одбиен бидејќи Вилијам имал само 9 години. 2 години подоцна, институтот го прифатил и Вилијам станал најмладата личност што била примена на Харвард во 1909 година. До 1910 година, неговото знаење за математика достигнало толку многу што тој почнал да им предава на професорите. Тој својата диплома ја земал на 16-годишна возраст.

Одлучил да живее осаменички живот

Славата може да ве замори, особено ако сте изложени на тоа на млада возраст. Набргу по дипломирањето, Вилијам им кажал на новинарите дека сака да го живее „совршениот“ живот, што според него, бил осаменичкиот. Тој исто така додал дека имал намера никогаш да не се ожени бидејќи жените не му се допаѓаат.

И покрај тоа што Вилијам уживал да учи како дете, неговото мислење се сменило како возрасен и тој го обвинил неговиот татко за тоа. Кога Борис починал во 1923 година, Вилијам одбил да присуствува на неговиот погреб.

Тој бил осуден на 18 месеци затвор

За да не го забележат почнал да работи ниско платени работи, најчесто како обичен службеник. Кога новинарите ќе го пронајделе тој го менувал работното место. Напишал повеќе книги, но под псевдоними.

Тој бил социјалист и приговорник на Првата светска војна. Тој, всушност, бил уапсен во 1919 година за протест што се претворил во насилство во Бостон, каде бил осуден на затвор 18 месеци. Сепак, неговите родители нашле начин да го задржат надвор од затвор и наместо тоа го заклучиле во санаториумот 2 години.

Несреќна смрт на 46 години

Вилијам го поминал својот живот како скршен и потполно осамен. Надвор од неговото семејство, тој работел како управувач на машини и едвај спојувал крај со крај. Лицето кое можеше да го промени светот почина од несреќна смрт на 46 години, од церебрално крварење во 1944 година. Интересно е што неговиот татко починал од истата состојба.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.