Приказната за шкотскиот „мост за самоубиство“ од кој скокнале стотици кучиња е нерешлива мистерија стара со децении

Со текот на годините, стотици миленичиња скокнале од „мостот на самоубиство“ во Шкотска, а за тоа нема логично објаснување.

Експертите за паранормални работи долго време разговараат за можноста кучињата да чувствуваат присуство на дух. Иако нема докази за да се потврди ова, исто како што нема научен доказ дека воопшто постојат духови, чудните случувања на мостот Овертаун во Дамбартон, Шкотска, ги преплашуваа локалните жители со децении.

Уште од 1950-тите, на мостот имало повеќе извештаи за паѓање или скокање на кучиња. Тоа е пад од 15 метри, дирекно на остри карпи, а многумина пешаци тврдат дека нивните кучиња станале „опседнати“ и отишле директно до страната на мостот, а многу од нив и скокнале.

Како што објави „Њујорк тајмс“, локалните жители веруваат дека околу 300 кучиња скокнале од мостот, додека таблоидите проценуваат сека станува збор за околу 600, а 50 умреле како резултат на падот.

Лоти Мекинон раскажала дека нејзиниот миленик Бони станал „обземен од чудна енергија“ пред да истрча и да скокне од мостот. За чудо, таа преживеала.

Во 2014 година, Алис Тревороу го шетала своето куче Каси во близина на мостот. „Се паркирав и бидејќи е многу послушна, не го ставив нејзиниот поводник… јас и мојот син тргнавме кон Кеси, која зјапаше во нешто под мостот… таа дефинитивно виде нешто што ја натера да скокне. Се случува нешто злобно. Тоа воопшто не личеше на неа“, рече таа.

Вознемирувачките извештаи доведоа до тоа локацијата да биде означена како „Мост за самоубиство на кучиња“. Дури и денес, нема докажана причина зошто кучињата скокаат, некои веруваат дека тоа е мирисот на други животни, други предложија некаква  паранормална активност се случува во областа.

Многумина се` уште се убедени дека областа е прогонувана од дух, поточно, Белата дама од Овертон. „Госпоѓата живееше сама во тага повеќе од 30 години по смртта на нејзиниот сопруг во 1908 година. Оттогаш нејзиниот дух демне овде. Таа е видена како шета низ областа“, изјави локалната жителка Мерион Мареј.

Без разлика дали верувате во духови или не, мистеријата продолжува до ден-денес.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.