Приказни од реалниот свет: Промени што се случија откако јас и мојот партнер забранивме мобилни телефони дома

Не треба да нe` изненадува фактот што просечно лице го проверува својот телефон 47 пати на ден. Не само тоа, туку околу 85% од луѓето ќе го зграпчат својот телефон дури и кога се со пријателите и семејството. Денес ќе ви раскажеме неколку лични приказни кои ќе ви покажат како телефоните можат негативно да влијаат на врската. Но, ние исто така имаме приказни кои покажуваат како вашите телефони може да ја вратат емоционалната врска помеѓу паровите.

„Ние сме целосно концентрирани еден на друг“.

„Јас сум Сара и сум во врска со зависник од телефон. Јас навистина се фрустрирам затоа што тој повремено  го користи телефонот дури и за време на возењето. Лично, верувам дека најдобриот начин да се победи зависноста е да се прифати дека имаш проблем. „Лајковите“ на објавите на социјалните мрежи предизвикуваат лачење на допамин кој предизвикува чувство на радост, па тоа не е ли зависност? “.

„Откако му дојде преку глава од моето користење на телефон, мојот дечко конечно реши да промени нешто. Направивме правило дека секогаш кога правиме нешто заедно телефоните се ставаат настрана. Тоа важи за гледање телевизија, разговор и вечера. Најдобра одлука во нашата врска!“

„Создадовме зони и време без технологија“.

„Телефонот на мојот дечко  привлекува поголем дел од неговото внимание отколку јас. Јас се обидов да го искажам ова во минатото, но според него претерувам и тој се чуствува нападнат. Се чувствувам како да не можеме да комуницираме затоа што тој секогаш е на неговиот телефон. Не можеме ниту да прошетаме или да гледаме телевизија заедно без тој да „виси“ на Твитер “.

„Многу рано во мојата врска, мојата девојка разговараше со мене за употребата на телефон и склучивме договор. Имаме состанок секој Петок и телефоните не се дозволени за време на вечерата или што и да правиме таа вечер. Исто така, кога гледаме филм, телефоните се забранети “.

„Поминуваме повеќе време заедно“.

„Сопругот и јас решивме да воведеме целосна забрана за мобилни телефони во текот на една недела. Прво, поставивме неколку основни правила како на пример да ги чуваме нашите мобилни телефони надвор од собата секогаш кога сме заедно. Плус, користевме обичен часовник за да го провериме времето и поставивме вистински будилник за да станеме наутро. Одиме на концерти, ги поминавме вечерите читајќи, па дури и основавме официјален клуб за книги со 2 лица.

„Ние комуницираме подобро“.

„ Додека работевме со терапевт ги поставивме следниве правила: Нема телефони на масата за време на вечера и додека зборуваш со некого треба да го гледаш во очи. Тоа помогна работите да се подобрат дозволувајќи ни вистински да разговараме едни со други“.

„Ние сме поотворени и поискрени еден со друг“.

„Во последно време забележувам дека моето момче го поминува целото свое слободно време на неговиот телефон. Единствено не е на неговиот телефон е кога се тушира. Јас не можам да започнам разговор кога ќе го видам како зјапа во екранот“.

„Ние се фокусираме еден на друг“.

 

„Секогаш кога сакав да збрувам моето момче, тој зјапаше во телефонот. Еднаш „ми пукна филмот“ и му кажав дека не е фер тоа што јас секогаш сум тука за него а тој не може да ми посвети 5 минути без да погледне во телефонот. Од тогаш тој секогаш ме гледа во очи додека зборуваме и телефонот го остава на страна“.