„Прилепската Мома“: Чудо од природата или дело на човечката рака?

Постојат многу места во Македонија кои ги опкружуваат разни легенди без разлика дали имаат необичен изглед или не. Пареидолија је психолошки феномен во кој обичните работи и предмети добиваат ново и некогаш необјасниво значење. Како на пример кога во Месечината гледаме насмеано лице или пак познат лик направен од облаците. Но, дали и во овој случај станува за нешто такво или има повеќе во приказната?

На Селечка планина, во близината на Прилеп, на околу еден час одење од манастирот „Свети Димитрија“ се наоѓа прилепската мома, карпа која по својот изглед многу наликува на мома со традиционална марама сликана во профил, како гледа кон хоризонтот.

Прилепчани ја нарекуваат карпата „Чупата“, а додека пак некои ја знаат и како „Индијанката“. Според претпоставките карпата е стара 400.000 години и е висока дури 67 метри.

Некои научници веруваат дека оваа карпа не е само дело на природата, туку дека луѓето пред многу години ја препознале формата на девојка и одлучиле да ја дооформат карпата која ја третирале за божество.

Дали е ова точно сѐ уште не може да се каже со сигурност. Но, едно е дефинитивно сигурно, карпата е прекрасна глетка која изгледа како да крие многу мистерии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.