Принцезата Дијана и Тилда Свинтон биле соученички и уште 9 факти за нашите омилени ѕвезди кои сигурно не сте ги знаеле

Се чини дека знаеме сѐ за познатите холивудски ѕвезди. Но, на пример, Кети Пери носеше прамени од косата на Тејлор Свифт и Мајли Сајрус, а во раните денови Рајан Гослинг ја пропуштил шансата да стане еден од членовите на Бекстрит Бојс. Ова сигурно не го знаевте, така? Ајде да видиме кои други интересни факти за нашите омилени ѕвезди ги имаме пропуштено.

 

1. Мајкл Џексон сакал да го купи „Марвел“

Во доцните 90-ти, Мајкл Џексон размислувал да ја купи „Marvel Comics“ и имал намера да сними филм за „Спајдермен“. Креаторот на познатиот суперхерој, Стен Ли, се сретнал со Џексон на неговиот имот и разговарал за можноста за купување. Сепак, Ли никогаш не сфатил дали Џексон сака да режира или да глуми во филмот за „Спајдермен“.

 

2. Елен Де Џенерес е во роднинска врска со Кејт Мидлтон

 

Елен Деџенерис е далечна роднина на Кејт Мидлтон. Американската ТВ комичарка и британската војвотка се петнаесетти братучеди, а нивен заеднички предок е Сер Томас Ферфакс и неговата сопруга Ен Гаскојн, која живеела во Британија на почетокот на шеснаесеттиот век.

 

3. Кети Пери носела прамен од коси на Тејлор Свифт и Мајли Сајрус

Кети Пери носела прамен од косата на Тејлор Свифт во својата чанта. На една од церемониите на „Греми“, Пери ја делела соблекувалната со Мајли Сајрус и Свифт. „Ги замолив секоја од нив да ми исече по еден прамен и ги носев косата во мојата чанта. Да, јас сум изрод!“ изјави пејачката.

 

4. Леонардно Ди Каприо го добил своето име во Леонардо Да Винчи

Мајката на Леонардо ди Каприо го смислила името за својот син додека била бремена и гледала слика од Леонардо да Винчи во галерија во Фиренца. Во тој момент детето за прв пат се помрднало.

 

5. Рајан Гослинг ја одбил шансата да биде дел од „Бекстрит Бојс“

Во 90-тите, Рајан Гослинг одбил да биде дел од „Бекстрит Бојс“. Идниот актер бил цимер во стан со еден од членовите на бендот, кој го поканил да пее заедно во нова група. Но, Гослинг мислел дека бендот нема да биде успешен, а подоцна се покажа дека погрешил.

 

6. Николас Кејџ има друго вистинско име

Вистинското име на Николас Кејџ е Николас Ким Копола и притоа актерот е внук на режисерот Френсис Форд Копола. Но, на почетокот на кариерата, Кејџ не сакал да се поврзува со неговиот познат роднина и зел псевдоним во чест на неговиот омилен стрип херој Лук Кејџ.

 

7. Тилда Свинтон и принцезата Дијана биле соученички

Тилда Свинтон и принцезата Дијана биле во ист клас. Британската актерка потекнува од старо шкотско семејство. Свинтон имала 10 години кога нејзините родители ја испратиле во интернат во Кент, каде што учеле децата на британските аристократи, вклучувајќи ја и идната принцеза од Велс.

 

8. Елвис Присли бил природно русокос

Класичниот изглед на Елвис Присли е висок човек со темна коса. Всушност не е како што тој всушност изгледал. Пејачот бил природно русокос до неговата доцна адолесценција. Ја обоил косата црна затоа што мислел дека тоа подобро ги покажува цртите на неговото лице за на филм.

 

9. На Бред Пит му биле скршени предните заби за улога во филм

Бред Пит се согласил доброволно да ги скрши предните заби за улога во „Fight Club“. „Бред е спремен да се потруди за ликот“, изјави тогаш публицистот на Пит. И навистина, така неговиот карактер станал поверодостоен.

 

10. Гвендолин Кристи е највисоката актерка во Холивуд

Висината на актерката е 1,91 метри. Иако Гвендолин Кристи се чувствувала изолирана поради тоа во детството, тоа и помогнало да изгради кариера во актерството. Сега, актерката е добро позната по нејзината улога на воинката Бриен од Тарт во серијата „ Игра на тронови“ .

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *