Принцезата Мако од Јапонија се откажува милион долари за да се омажи за „љубовта од школските клупи“

Таа веќе се откажа од кралската титула за да се омажи за својата љубов од факултетските денови, но јапонската принцеза Мако сега исто така одбива исплата од милион долари од владата.

На принцезата Мако од Акишино, внука на царот Нарухито, ѝ беа понудени 1,3 милиони долари од јапонската влада, со цел да ѝ помогнат неа и на нејзиниот свршеник Кеи Комуро додека се подготвуват за преселбата во САД. Но, по серија смели потези направени од парот, таа одлучи да се откаже од подарокот пред нивната венчавка.

Покрај тоа парот нема да ги направи традиционалните свршувачки свечености на Шинто, што ја прави Мако прва принцеза што се одлучила за ваков потег.

Двајцата сега имаат 29 години, а се запознале додека студирале во Токио во 2012 година. Својата свршувачка ја објавија во 2017 година, и покрај противењето од неколку членови на семејството на принцезата.

По веста за нивната свршувачка, поранешната царица Мичико ја опиша нејзината најстара внука како „наивна“ и повика парот да ја прекине врската. Таткото на Мако, принцот Фумихито, кој е престолонаследник, минатата година рече дека „тие не се во ситуација во која би биле задоволни“, но рече дека треба „да им се дозволи да се венчаат, ако тоа е она што тие навистина го сакаат”

Според јапонските закони кои датирани од 1947 година, женските членови на царското семејство не смеат да се венчаат со „обични луѓе“ без да се откажат од сопствените титули.

Принцезата Мако не е првата принцеза што се откажала од титулата за љубов, а јапонската влада им нуди исплати на принцезите што го напуштаат царското семејство со цел „да го зачуваат достоинството на личноста која некогаш била член на империјалното семејство“.