Принцот Вилијам е прогласен за „најатрактивна ќелавица“ втора година по ред – победувајќи познати филмски ѕвезди

Принцот Вилијам е прогласен за „најсекси ќелавица“ во светот втора година по ред, победувајќи познати имиња како Двејн Џонсон и Вин Дизел. Новата студија, која ги рангира познатите ќелави мажи според фактори како сјајноста на главата, симетријата на лицето, висината и насмевката, му даде речиси совршени оценки на 42-годишниот принц на Велс.

 

Истражувањето на PR агенцијата Reboot Online, исто така, го следеше медиумскиот интерес и глобалните пребарувања за него, кои се зголемија по неговите неодамнешни јавни настапи во Јужна Африка. Вилијам претходно беше прогласен за „најатрактивна ќелавица“ во 2021, се спушти на второ место во 2022, и повторно го презеде врвот во 2023.

 

Овој пат освои 9.9 од 10 поени, веднаш пред Џонсон и кошаркарската ѕвезда Шекил О’Нил. Принцот неодамна ги воодушеви обожавателите со новата брада, која ја покажа при посетата на Кејптаун, каде обожаватели дури му довикнуваа „Ми се допаѓа брадата“, на што Вилијам скромно се заблагодари.

 

 

 

  • vladica напиша:

    taka mu vikaat deka e princ

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *