„Принудена сум на договорен брак, но не сакам да се мажам. Не сакам да ги прекршам обичаите, не знам што да правам“
Разорна снимка од северноцентралната кинеска провинција Гансу, на која убава невеста плаче на својата свадба, затоа што е принудена да се омажи за човек што едвај го познава, го потресе светот. Неидентификуваната жена се гледа како одбива да му дозволи на младоженецот да ја држи за рака или да ѝ помогне со нејзината венчаница.
Кинеските медиуми открија дека парот се сретнал само неколку пати пред церемонијата во вторник. Жената наводно немала друга опција освен да се придржува до локалните обичаи.

Срцепарателните клипови привлекоа симпатии кај корисниците на „Douyin“, кинеската верзија на „TikTok“ .
„Посакувам да беа солзи радосници“, изјави еден корисник.
„Ако не сакаш некого, не мора да се омажиш“, изјави друг. „Нема потреба луѓето да страдаат неправедно“.
„Каков обичај е ова? Ако не ви се допаѓа, само бегајте“, советува трет.
Договорените бракови перопаднаа со донесувањето на Новиот закон за брак во 1950 година. Со новиот закон се вели дека и невестата и младоженецот мораат да се согласат на брак.

Бракот, генерално, е помалку популарен во Кина, што предизвикува загриженост за демографска криза. Во 2022 година, Кина забележа 6,83 милиони регистрации на бракови – најмал број откако овие податоци почнаа да се објавуваат во 1986 година, објави „Си-Ен-Ен“.
Просечната возраст во Кина за склопување на брак била 28,67 години во 2020 година, забележува медиумот, што е повеќе од 24,89 години во претходната деценија.
Се нудат парични награди за младите да се обидат да го променат трендот во Кина.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно