Природен феномен: Уникатно езеро кое нуди искуство на одење по Месечината и поглед на „водното торнадо“

Езерото Баракуда, кое се наоѓа на северниот брег на островот Корон на Филипините, нуди уникатно нуркачко искуство. Какво и да е името, нема страв од јато предатори кои ќе налетаат од длабочините. Името го добило по огромниот скелет од баракуда пронајден таму.

Но, Баракуда сепак крие изненадување. Езерото, наречено и Лулујуан поради кристално сината вода на површината, има топли 28 степени Целзиусови, но на околу 13 метри температурата драстично се менува и се искачува на 38 „Целзиусови“ за повторно да се олади на дното.

Причината за тоа е мешањето на свежата и солената вода во езерото, а тенката граница што ги дели јасно се гледа на две места: на 4 и 14 метри. Оние кои го виделе велат дека наликува на долго, тенко, темно сиво хоризонтално торнадо во далечината.

Во комбинација со варовнички облици кои се издигнуваат од длабочините и продолжуваат над површината, прави речиси нереална глетка.

Нуркачите го опишуваат чувството на истражување на топлите и студените делови на езерото како бестежински, како одење по Месечината. Но, освен „астронаутското“ искуство, една од посебните карактеристики е специфичното песочно дно кое се меша со калта и формира желеста, свилена површина. На длабочина од приближно 34 метри, водата се менува од сина во кафена нијанса.