Природната убавица, Полина Поризкова, го покажа своето ново пополничко тело – ете така, да има за што да се фатиш

Полина Поризкова со самодоверба ги прифаќа промените на своето тело. Манекенката, која сега има 59 години, во јануари 2024 година претрпе двојна „замена“ на колковите, операција, по којашто се здебели 7 килограми. На „Instagram“ таа откри дека покачувањето на тежината првично ѝ предизвикало грижа, бидејќи тоа влијаело на нејзината способност да се вклопи во облеката за работа.

 

 

Во објава од 8 јануари 2024 година, сподели фотографии во костими за капење од патувања со партнерот во Јамајка и Исланд. Таа напиша: „Се здебелив околу 7 килограми по операцијата. Забавно е што бев толку среќна – без хронична болка, градење живот со мојот сакан, патување со пријатели и нови проекти за пишување – што не ни забележав дека сум покачила тежина“.

 

 

 

Во септември 2024 година, на нејзиниот прв моден ангажман во Париз, Полина ја сфати промената, а обидите да го прикрие тоа ѝ оставиле чувство на незадоволство. Решена да ја намали тежината, таа го зголемила внесот на протеини, се откажала од десерти и вклучила тренинг со тежини. Сепак, „постменопаузните промени“ го отежнале процесот.

 

 

И покрај предизвиците, Поризкова го прифатила своето „ново, полничко тело“. Таа напиша: „Во споредба со минатата година, кога бев послаба но постојано во болка, мојата нова мекост ми носи утеха.“

Фановите ја пофалија за искреноста, коментирајќи дека изгледа неверојатно. Но, некои критичари ја осудија дека бара комплименти или дека треба да носи соодветна облека.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *