Пристигнала пред 136 години: Факти за Статуата на Слободата кои ќе ги збунат и оние кои ја посетиле

На 17 јуни 1885 година, демонтираната Статуа на слободата, подарок за пријателство од народот на Франција на народот во Америка, пристигнува во пристаништето во Њујорк откако беше пренесена преку Атлантскиот Океан во 350 одделни парчиња спакувани во повеќе од 200 ковчези. Статуата од бакар и железо, која беше составена и посветена следната година на церемонијата предводена од американскиот претседател Гровер Кливленд, стана позната низ целиот свет како траен симбол на слободата и демократијата. Но, сепак постојат работи за оваа статуа кои нема да ги најдете во книгите по историја.

Статуата започнала традиција на „парада од исецкана хартија“. Канцелариските работници во Њујорк добиле идеја да ја фрлаат од прозорците исецканата хартија од документи од прозорците на 29 октомври 1886 година, на денот кога претседателот Гровер Кливленд претседаваше со церемонијата на посветувањето.

До ударот на ураганот Сенди во 2012 година, Дејвид Лушингер и неговата сопруга беа жители на многу, многу ексклузивна населба: островот Либерти. Како надзорник на Статуата на слободата, Лушингер е една од неколкуте избрани луѓе кои некогаш го нарекувале островот дома. Неговото семејство имало мала куќа од тули, лоцирана на другата страна на островот. За жал, пријатната мала куќа претрпе сериозна штета за време на ураганот Сенди и не беше повторно изградена.

Во Форт Вуд во форма на ѕвезда, кој сега служи како дел од постаментот на статуата, живееле воени семејства од 1818 година до средината на 1930-тите. Овие воени семејства честопати вклучувале мали деца како Пит Блумм, кој во 2012 дал интервју во кое вели дека како деца фрлале бејзбол палки од круната на статуата за да видат колку високо ќе отскокнат.

Некогаш не беа само децата на Островот што можеа да се искачат на врвот на факелот. Туристите можеа да се искачат на несигурниот костур сè до 1916 година, кога тие привилегии беа укинати како одговор на инцидентот со Црниот Том (експлозија на околу 2 милиони тони воени материјали).

Седумте шила што зрачат од круната на Статуата на слободата всушност не се дел од круната. Тие треба да бидат ореол, исто така познат како ауреола, со шила што ги претставува седумте мориња и континенти во светот. Зраците беа привремено отстранети од нејзината круна во 1938 година за да можат да се заменат со нови ‘рѓосаните потпори.

Статуата на Слободата требала да има сестра во Египет. Скулпторот Фредерик Бартолди понудил да му направи на Египет големо парче за влезот на Суецкиот канал, наречено „Египет носи светлина до Азија“, на кое ќе се најде египетска селанка што држи фенер. Но, тие одбиле поради големитре трошоци.

Кога статуата пристигнала имала боја на светкава монета. Биле потребни 20-тина години за статуата да ја добие зеленикаво-сината нијанса.

Фредерик Бартолди ја искористи својата мајка Шарлот како модел за најпозната статуа во светот. Ова за прв пат беше откриено во 1876 година, кога Бартолди го покани францускиот сенатор Бозеријан во неговата ложа на опера. Кога ја тргнал завесата сенаторот се шокирал кога ја видел живата верзија од статуата.

Според енциклопедијата „Статуа на слободата“,има многу прекари: Слобода на Америка, Голема дама на Америка, Тетка Слобода, Ќерка на Бартолди, Џиновска божица, Гранде Дам, Зелена божица, Дама на пристаништето, Дама на пиедестал, Дама со факел, Мајка на прогонство, Мајка на слобода, Света слобода и духот на американската независност.

Статуа на Слободата не е нејзиното вистинско име. Името на Бартолди за неговиот подарок беше „Слобода за просветлување на светот“.