Продавачот, бабата и пилето (виц)

5 минути до затворањето на супермаркетот. Изморениот продавач се спрема да си оди дома. Влегува една бабичка:
– Оф чедо, за малку ќе задоцнев! Пилиња имате ли?
Продавачот го отвора фрижидерот и го вади последното пиле. Внимателно го става на вагата – точно еден килограм.
– А поголеми немате ли? – прашува бабата.
Продавачот го враќа пилето назад и го вади по втор пат истото. Го става на вагата и притиска малку со прстот – килограм и половина.
– Одлично, – вели бабата – ќе ги земам двете.