Продолжуваат да изненадуваат: Нивната врска висеше на конец, но сега се „во ред“, откако Бјанка реши повторно да се разголи и Канје е повторно богат
Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, речиси ништо не остави на фантазијата бидејќи носеше неверојатно несекојдневна облека на ревијата на „Марни“, за време на модната недела во Милано во петокот.

Австралиската модна дизајнерка (29) облече смело црно боди кое едвај ги покриваше нејзините облини. Бјанка отиде без градник под бодито, кое исто така имаше соодветно ременче по страните. Убавицата покажа и нова фризура- темно црн „боб“.
Облечена во кратки розови чизми, Бјанка му се придружи на својот сопруг во првиот ред за време на ревијата. Канје носеше црна јакна и соодветни панталони додека се бакнуваше со Бјанка и тие смело позираа пред камерите.


Се вели дека двојката е во „обновена состојба на брачно блаженство“, според упатените, кои тврдат дека нивната врска се подобрила „драстично“ – благодарение на многу профитабилниот успех на последниот албум на Канје, „Vultures“.
Медиумите претходно открија дека парот, кој се венчал во декември 2022 година, имал голема кавга откако Бјанка го предупредила раперот да не прави антисемитски клевети на настан за слушање на неговиот албум претходно овој месец.

Се вели дека огромната кавга на двојката е причината поради која таа не се појавила на неговиот настан во Њујорк и после на забавата на 9 февруари, а изворите сега откриваат дека нивната врска „висела на конец“, тврдејќи дека Бјанка започнала да се преиспитува за сè.
„Таа знае што сите мислат за нејзиниот сопруг – а неговите неодамнешни испади ја натераа да се сомнева во сè“, изјави ексклузивно извор близок до парот.


„Но, тогаш, одеднаш, неговиот албум стана успешен и таа се врати во претходната состојба на жена која го обожава и поддржува“.
Сепак, очигледната промена на Бјанка, наводно, ги оставила нејзините најблиски исплашени дека дизајнерката ќе остане во бракот само поради финансиски причини – ставови кои само дополнително се поттикнаа кога Канје откри дека неговиот бренд „Yeezy“ заработил 19,3 милиони долари од реклама за „Супер Боул“.

aman veke ne oetkovte so pachavrava
Коментирај анонимно