Професионален фотограф ќе ви покаже какви слики прави новиот iPhone ноќно време

Фотографот на Радио Слободна Европа, Амос Чапл, отиде со новиот iPhone во Мурманск на еднонеделен тест. Испофалениот iPhone 11 Pro има „ноќен режим“ на фотографирање, а каде е подобро да го тестирате, ако не и на Арктикот, во градот Мурманск во декември, кога практично нема сонце? Фотографот од Нов Зеланд се осмели да издржи на температура од -13 степени цела недела.

Мурманск е најголемиот град во светот над Северниот поларен круг. Сместен е на карпестиот источен брег на заливот Кола од Баренцовото Море и е едно од најголемите пристаништа во Русија. Има околу 300.000 жители.