Професор од Харвард, којшто ја проучувал смислата на љубовта цели 25 години, ја откри вистинската тајна за „вечна“ врска

Харвардскиот професор Артур Брукс, кој повеќе од 20 години ја проучува љубовта, откри дека вистинската тајна на долготрајна врска не лежи во страста, туку во пријателството. Тој истакнува дека идеален партнер е оној кој ви е и најдобар пријател – личност со која ќе сакате да го споделите и последниот момент од животот.

 

Професор од Харвард, којшто ја проучувал смислата на љубовта цели 25 години, ја откри вистинската тајна за „вечна“ врска

Важно е да се одржи поврзаноста

Брукс вели дека страста природно опаѓа со времето, но пријателството и блискоста се оние што го одржуваат односот. Важен знак за потенцијален развод, според него, е чувството на осаменост во врската, особено кога парот нема ништо заедничко освен децата.

Тој препорачува заеднички активности, како читање, спорт или духовни практики, кои ќе им овозможат на партнерите да ја одржат поврзаноста.

 

Важно е да се одржи поврзаноста

5 знаци дека врската пропаѓа

Во исто време, британската љубовна советничка Пејџ Мојс посочува пет знаци дека врската е осудена на пропаст: кога останувате заради страв, кога комуникацијата води до конфликти, кога се чувствувате осамено покрај партнерот, кога го губите сопствениот идентитет, и кога би ја напуштиле врската доколку има гаранција дека нема да боли.

И Брукс и Мојс се согласуваат – блискоста, разбирањето и автентичната среќа се основа на секоја здрава и долготрајна врска.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *