Професор смислил одличен начин како да ги фати студентите како препишуваат и му успеало

Секој препишувал барем еднаш во училиште, дали тоа било успешно поради личните способности за препишување, дали професорот се правел дека не гледа тоа и не е толку важно. Сепак еден професор по инженерство на 4-та година на колеџ во САД повеќе не сакал да им прогледува низ прсти. Тој почнал да забележува дека за време на неговите писмени испити студентите често стануваат и одат во тоалет.

По резултатите тој сфатил дека голем дел од нив препишувале, но потребни му биле докази бидејќи според правилата не може никому да забрани да оди во тоалет еднаш за време на испитот. Така професорот решил да го истражи случајот.

Тој дознал дека студентите користат веб-страна Chegg на која што ги има одговорите на најголемиот дел на прашањата кои се поврзани со предметот и ги има на тестовите. Така студентите кога ќе излезат за да одат во тоалет го пребаруваат прашањето на оваа страна.

Професорот првин си направил профил и поставил прашање. Она што е специјално за прашањето било тоа што прашањето било ЛАЖНО, што значи не постоел точен одговор. Потоа истиот професор повторно дал ЛАЖЕН одговор на прашањето. Знаејќи дека голем број на студенти ќе ја отворат страната кога не го знаат одговорот, професорот по поставил ЛАЖНОТО ПРАШАЊЕ на испитот.

Од 99 студенти дури 14 биле фатени како го препишале лажното прашање. Сега професорот имал докази и на сите 14 студенти им доделил 0 поени и истите биле пријавени на колеџот за прекршување на правилата. Додека на оние кои не го одговориле лажното прашање им ги дал 5-те поени кои биле наменети за неговото решавање.