Професор во средно (виц)

Младо семејство се бори цела вечер со разгаленото дете што не сака да спие. Таткото, наставник во средно:
– Ајде сине те молам легни си, тато е утре на работа.
Детето:
– Неее, сакам да гледам цртаниии…
И така до 12 часот, после што зпочнува караница со жената, кој го разгалил и расипал детето. На крај, во два часот по полноќ виновник испаѓа таткото и легнуваат да спијат.
Следното утро двајцата стануваат рано, ни збор не прозборуват. Мажот оди на работа, влегува на час и им вели на децата:
– Вадете два листа од средината!