Професор зготви месопотамиски оброк од пред 3770 години користејќи рецепти напишани на глинени плочки

Во периодот кога бевме во карантин некои од нас станаа врвни готвачи, некои алкохоличари, ама да не навлегуваме сега во тоа… Сепак на социјалните мрежи можевме да видиме најразлични специјалитети, подготвени со успех или пак без. Додека некој бараше рецепти од своите баби, овој човек реши да се надмине себе и да го побара најстариот рецепт на светот и да подготви оброк.

Бил Сатерленд е професор по конзерваторска биологија на Универзитетот во Кембриџ и тој реши да направи рецепт кој го има на древна плочка од Месопотамија. Овие 3770-годишни јадења како чорба од јагнешко месо и супа од аламит „се најстарите рецепти што постојат“.

Вавилонското јадење на Бил се состоеше од 4 сложени јадења и леб

Бил слушнал за рецептите од д-р Муди Ал-Рашид, кој е „вистински експерт за месопотамска култура“. „Ова беше околу еден час планирање и неколку часови готвење“, рече Бил. Но, во никој случај не очекуваше толку многу да се заинтересираат за неговиот оброк на Твитер. „Во моментов, ова го виделе 3,7 милиони луѓе“, рече професорот во неверување.

Едноставно вкусна чорба од јагнешко месо со остар вкус

Како што вели тој рецептите биле изненадувачки лесни за готвење. „Веројатно не би ги сметале за чудни ако ви ги послужат“. Професорот рече дека сите тие имале многу праз, кромид, лук и коријандер, во кои ужива.