Професорите од СУГС Димитар Влахов испратија искрени пораки до своите ученици

„Драги ученици,
Во овие денови кога сите сме во нашите домови и не можеме да бидеме заедно во училишните клупи немојте да мислите дека ве заборавивме. Со овие пораки сакаме да ви покажеме дека многу ни недостасувате и со нетрпение очекуваме да заврши оваа ситуација и сите заедно да продолжиме со реализацијата на вашите соништа. Исто така ве потсетуваме на вредностите на вашето училиште. Во оваа прилика се обраќаме и до идните средношколци и ги повикуваме да се придружат и да бидат дел од нашето училиште бидејќи кај нас има соживот, разбирање, соработка и пред сè, сите ние функционираме како едно големо семејство.“, стоеше во објавата на Фејсбук.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.