Професорка патува со кокошка за емоционална поддршка: ‘Таа ги разбира моите чувства’

Канадската професорка по психологија, Соња Конг, која ја истражува врската меѓу домашните миленици и психолошкото здравје има сосема необичен придружник – емоционална кокошка која ѝ помага секојдневно. ‘Чувствувам дека таа е многу паметна. Може да ги разбере моите емоции’, изјавува Конг за CBC за својата 11-месечна кокошка со име Сабота, која ја посвоила од фарма дојдена од близина на Принс Џорџ, Британска Колумбија. „Во моменти на тага, кокошката лежи до мене гледајќи ме, како да се обидува да сфати што се случува, зошто плачам. Тоа ми значи многу“. Професорката дури направила специјална пелена за перјестата придружничка за да може да патува со неа низ градот.

Професорка патува со кокошка за емоционална помош: ‘Таа ги разбира моите чувства’

Канадска професорка истражува како милениците влијаат на младите

Конг, која предава на Универзитетот во Северна Британска Колумбија, е во моментов ангажирана на истражување за тоа како домашните миленици влијаат на социјалниот и емоционалниот развој на адолесцентите преку онлајн анкета. Таа го води меѓународниот проект заедно со професорката Трејси Вонг од Кинескиот универзитет во Хонг Конг. ‘Сакаме да видиме дали постојат културни разлики и како времето поминато со милениците може да влијае врз адолесцентите со различно културно потекло’, вели Конг за медиумот. Додека ги анализираат резултатите, Конг се надева дека ќе ја открие вистинската моќ на животните терапевти низ светот.

Културни судири и скептицизам: Родителите на Конг и јавноста се двоумат за кокошката сапатник

Родителите на Конг уште се навикнуваат на идејата за нивната ќерка и нејзината нова кокошка. ‘Ме прашаа дали планирам да ја јадам’, раскажува Конг. ‘Им одговарам: “Не, таа е миленик.” Тие се шегуваат, но сепак има културни разлики или различни вредности во прашање’. Коментарите на јавноста се поделени: некои читатели на статијата сметаат дека ваквите тенденции со емоционални животни се “фарса што одамна трае по работните места, во продавници, ресторани и јавниот превоз. Владее правото на секој да носи миленик како замена за деца, но вистината е дека има луѓе на кои и најверните и најперјести пријатели не можат да им помогнат со нивните проблеми.” Други додаваат: ‘Секој што имал кокошки знае колку се нечисти и агресивни.’ Контрастот помеѓу културните вредности, стереотипите и личниот избор повторно доаѓа до израз.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *