Професорка во средно училиште праќала експлицитни фотографии на ученик откако слушнала гласини „дека му се допаѓа“
Професорка од Средно училиште во Оклахома се соочува со обвиненија за се*суален однос со 16-годишно момче откако му кажала дека „слушнала гласини дека му се допаѓа“.
28-годишната Ајви Рено е обвинета за употреба на технологија за комуникација со малолетник, а за нејзиното апсење е распишана потерница. Сега поранешната професорка од училиштето, сѐ уште не е уапсена. Возраста на согласност од судот во Оклахома е 16 години, но возрасните кои се во позиција на авторитет сѐ уште може да бидат обвинети за сексуални односи со деца на возраст под 18 години.

Новите судски документи поднесени во Окружниот Суд Во Оклахома Каунти откриле дека Рено го запознал тинејџерот, кој е ученик во училиштето додека бил на фудбалски тренинг.
Ајви тогаш била помошник на фудбалскиот тренер и му кажала на момечто дека слушнала дека му се допаѓа и дека забележува како ја гледа додека таа трча. Потоа, Рено наводно, го додала ученикот на Снепчет и му испратила три или четири голи фотографии и несоодветно видео кое тинејџерот им го покажал на неколку негови соиграчи, според судските записи.

Експертот за социјални медиуми, Патрик Алмонд, изјави за КФОР дека корисниците на социјалните медиуми треба да претпостават дека сите фотографии што ќе ги испратат, исто така, може да бидат објавени на билборд за сите да ги видат – и покрај идејата дека со Снепчет, сликите теоретски исчезнуваат по кратко време.

Рено признала во полиција дека ги испратила фотографиите на тинејџерот, но негирала било каква физичка врска. Поранешната професорка изјавила дека правеле муабет да се сретнат за „дружење“, но дека никогаш не го направиле тоа.
