Професорот по математика не дозволува неговата ученичка да остане без потребното знаење за време на карантин

Како и многу други ученици ширум светот 12-годишната Рајл Андерсон, од Медисон, Јужна Дакота, во моментот е дел од „далечинско учење“ односно има онлајн часови. Но, девојчето не успевало да се снајде со математика па решило да му прати мејл на својот професор за да ѝ помогне.

Крис Ваба, професорот по математика требал да ѝ помогне со алгебрата. Тој преку мејлот се обидел повторно да ѝ објасни, но малата Рајл повторно добивала погрешен резултат. Бидејќи живее во соседството Крис решил директно да ѝ објасни на Рајл со надеж дека кога ќе ги види сите работи визуелно ќе сфати.

Љубезниот професор ја поставил својата „импровизирана училница“ пред влезот на куќата на Рајл и почнал да ѝ објаснува додека таа фаќала белешки од другата страна на прозорецот, со цел да има соодветна социјална дистанца. На крајот трудот на Крис се исплатил бидејќи Рајл овој пат го разбрала целиот концепт.