Пронајдете ги шесте разлики! Детска загатка која го полуде Интернетот и ги остави и возрасните збунети
Еден човек сподели на форумот Редит дека внук му барал помош од него со оваа детска загатка, но дури и по долго зјапање тој останал исто збунет колку неговиот внук.
На крајот, паметен корисник ги преклопи сликите и го потврди она што сите се сомневаа – и двете слики се исти. Па дали е ова грешка или намерно?
Но еден корисник вели дека веднаш ги забележал сите шест разлики.
1. Горната слика е оддалечена 8 единици од левиот раб, а долната слика е оддалечена 8 единици од десниот раб.
2. Горната слика е 15 единици надолу од горниот раб, а долната слика е 11 единици нагоре од долниот раб.
3. Левата страна на долната слика е целосно до крстозборот, додека само мал дел од долната страна на горната слика го допира крстозборот.
4. Десната страна на горната слика е до празно место, додека левата страна на долната слика е до крстозборот.
5. Горниот раб на долната слика е малку повисок (0,01 единици) од горниот раб на крстозборот.
6. На долната слика има четири птици, но едната е скриена зад главата на момчето, што е лесно да се пропушти.
Коментирај анонимно