Пророкот на апокалипсата предвидува голема светска катастрофа и открива шокантни откритија за иднината
Пророкот Крег Хамилтон-Паркер, познат како „новиот Нострадамус“, кој тврди дека ја предвидел смртта на кралицата и појавата на Ковид-19, повторно дава вознемирувачки прогнози за светот. Со над 230.000 следбеници на својот Јутјуб канал, Крег детализираше низа драматични настани кои никого не оставаат рамнодушен. Во своите најнови видеа, тој открива страотни предвидувања за 2026 година, предупредувајќи на природни катастрофи, политичка нестабилност и војни. За неговите предвидувања користи древна индиска техника на Наади читања, што според него нуди увид во минатото, сегашноста и иднината.

Содржина:
- Крег Хамилтон-Паркер предвидува дека „голема катастрофа“ ќе доведе до трет претседателски мандат за Трамп
- Предвидување за астероид кој ќе ја загрози Земјата при следните американски избори
- Ниту Трамп, ниту Џеј Ди Ванс нема да бидат идни претседатели, но доаѓаат подобри лидери
- Сензационално пророштво за откривање на физички докази за НЛО во Европа
Крег Хамилтон-Паркер предвидува дека „голема катастрофа“ ќе доведе до трет претседателски мандат за Трамп
Постојано се шпекулира дека Доналд Трамп ќе се обиде да пронајде правна дупка за да остане претседател на САД и по вториот мандат, што би било спротивно на американскиот устав. Според Крег, „голема катастрофа“ околу Тајван ќе ја принуди Америка привремено да му го продолжи мандатот на Трамп. Тој изјави: „Наади зборуваат за голема несреќа што ќе се случи за време на следните избори во САД. Оваа несреќа се поклопува со почеток на нова војна… Јас сѐ уште чувствувам дека тоа е поврзано со Тајван. Тогаш претседателскиот мандат би бил продолжен во трет мандат на Трамп. Како што Трамп би рекол: ‘Сѐ е во таков хаос во моментов што не можеме да одржиме избори’.“
Предвидување за астероид кој ќе ја загрози Земјата при следните американски избори
Крег предвидува дека за време на следните американски избори во 2028 година, Земјата може да биде загрозена од метеор кој ќе помине помеѓу Земјата и Месечината. Тој вели: „Веќе се појави во Наади пророштвото од еден човек наречен Рихтер во Германија, кој беше демонизиран од медиумите. Но, тој тврдеше дека метеор помеѓу Земјата и Месечината би можел да доведе до пожар, потреси, цунами – со фатални последици, посебно ако премине преку САД или делови од него удрат на Земјата.“
Ниту Трамп, ниту Џеј Ди Ванс нема да бидат идни претседатели, но доаѓаат подобри лидери
Додека одбиваше да го открие името на следниот американски претседател, Крег беше дециден дека Џеј Ди Ванс нема да биде следниот шеф на Белата куќа. „Трампизмот ќе продолжи и понатаму, неговото семејство и Џеј Ди Ванс ќе имаат големо влијание, но не го гледам Ванс како претседател“, нагласи тој. Додаде и дека доаѓа нова ера во која луѓето на чело ќе бидат избирани според добриот карактер и духовност, а не поради моќ и пари. „Иако светот ќе биде погоден од војни поттикнати од религиски немири, по нив ќе се појават лидери со подобар карактер способни да ги решат светските проблеми“, вели Крег.
Сензационално пророштво за откривање на физички докази за НЛО во Европа
Крег предвидува дека наскоро во Европа ќе бидат откриени „физички докази за нешто што доаѓа од вселената“. „Чувствував дека има НЛО во европски предел кој ќе биде откриен, нешто што претставува физички доказ за надвореземјанско потекло. Но, треба да сме внимателни бидејќи тоа ќе биде огромна димна завеса зад која ќе се пуштаат други информации. Кога ќе се објави, тоа ќе биде на сите наслови на весници“, рече тој. Ова пророштво, според Крег, може да послужи и како брутална медиумска манипулација и одвлекување на вниманието од други важни вести.


Коментирај анонимно