Пророштвата на српскиот селанец Митар Тарабиќ за непозната болест и Третата светска војна
Од 1829 до 1899 година, во малото српско село Кремна, живеел селанецот Митар Тарабиќ, чијашто дарба за пророкување се почитува и денес во Србија. Книгата „Креманско пророштво“ е објавена 12 пати.
Накратко за пророкот и неговото семејство
Семејството Тарабиќ потекнува од Херцеговина, каде што се занимавале со сточарство. Еднаш, додека ги паселе кравите, виделе змија со златна пара во устата, која им покажала пат до скриено богатство. Тогаш, таткото со своите четири сина одлучиле да се населат во тој предел и основале мало село.
Според легендите, местото Кремна имало мистични својства, бидејќи таму паднал метеорит, а во карпите се криеле ретки минерали кои го поттикнувале дарот на јасновидство. Првиот пророк во семејството бил Милош, кој претскажувал настани поврзани со неговото семејство.
Милош ја предвидел својата смрт и им ветил на роднините дека ќе им се јавува во сон за да им зборува за иднината. Неговиот наследник станал Митар, кој, преку сништата, добивал пораки од својот вујко. Иако неписмен селанец, неговите пророштва биле запишани од свештеникот Захарија Захаровиќ, кој забележал дека тие навистина се исполнувале.
Пророштвата на Митар опфаќале не само локални настани, туку и глобални, како Првата и Втората светска војна, летањето во вселената и изумот на телевизорот.
Пророштва за иднината
Митар предвидел дека по Втората светска војна ќе дојде период на мир и изобилство, но луѓето ќе престанат да му се молат на Бог и ќе почнат да го обожаваат својот ум. Според него, тоа е како капка во океанот во споредба со Божјата мудрост.
За новата технологија и природните ресурси
Митар предвидел создавање на уред со слики, кој ќе им овозможи на луѓето да го следат она што се случува во светот (телевизор или компјутер):
„…но нема да можат да комуницираат со мене, иако тој уред ќе биде блиску до духовниот свет.“
Тој зборувал и за ископување на злато, кое ќе обезбеди енергија, брзина и светлина, но земјата ќе „плаче“ од раните што ќе ѝ бидат нанесени. Иако енергијата е насекаде околу нив, луѓето нема да ја искористат.
За книгите и мудроста
Митар предупредил дека книгите ќе го спречат самоспознанието на луѓето. Кога ќе сфатат дека си направиле заблуда, ќе жалат што не го разбрале тоа порано.
Луѓето ќе мислат дека знаат сè, но всушност ќе направат многу глупости. Мудроста ќе дојде од Исток, но нема да биде прифатена. Наместо тоа, луѓето ќе ја наречат лага.
Болести
„На светот ќе се појави чудна болест, за која нема да може да се најде лек. Луѓето ќе велат: ‘Јас знам, јас можам’, но нема да направат ништо. Вистинскиот лек ќе биде достапен насекаде, дури и во самите нив, но нема да го откријат.“
За науката и уништувањето
Митар предвидел дека луѓето ќе патуваат до други светови, но таму ќе најдат само пустини. Воздухот ќе биде затруен, а болестите ќе се шират низ земјата, реките и морињата.
Третата светска војна
Кога ќе ја сфатат Божјата мудрост, ќе биде предоцна. Земјата ќе биде опустошена од злобни луѓе, а почетокот на војната ќе донесе глад и страдање. Иако ќе има храна, таа ќе биде отруена и опасна.
„Најголемиот и најзлобниот ќе се судри со најмоќниот и најжестокиот! Во таа ужасна војна, оние кои се борат на земја и вода ќе имаат поголеми шанси за преживување од оние во воздухот.“
Само една земја, опкружена со големи мориња, ќе остане недопрена од војната. Тие што ќе се засолнат во планините со три крста ќе се спасат и ќе живеат во изобилство, мир и љубов.
Čitajte ja Biblijata i ke doznaete ušte mnogu raboti Bog i Isus se najmokni i toa što e napišano se ostvaruva i doprva ke se ostvaruva VE MOLAM ČITAJTE.pozdrav
Коментирај анонимно