Прошетка низ кинеските провинции преку 30 живописни пејзажи на фотографот Флоријан Делале

„Со оглед на проблемот да ја напуштам Кина за време на пандемијата, решив да патувам и да ја истражувам различноста на кинескиот пејзаж како контраст од индустријата и градовите, за повторно да се поврзам со природата“ – ги објасни своите дела фотографот.

„Серијалот фотографии „Воздушната убавина на Кина“ се роди од моите многубројни патувања во Сечуан, Монголија, Ксинџијанг, Тибет и многу други кинески провинции, каде што фотографирав некои од најживописните пејзажи. Овие фотографии од пустини, шуми, села даваат поинаков поглед на мајката природа и вештачките структури натрупани врз неа. Сончевата светлина влегува и создава блескава палета на бои. Ајде да истражуваме.”