Прошетка преку стаклен мост висок 100 метри во Кина се претвори во најлошиот кошмар на туристот

Секој што некогаш одел преку мост или застанал на висока зграда со стаклени панели знае колку е вознмирувачки кога ќе погледнеш надолу.

Колку и да е страшно, вие секогаш знаете дека сте релативно безбедни  и дека шансите да паднете се неверојатно мали. Но еден турист во Кина го доживеа најлошото можно сценарио.

Во Петокот, на 7 Мај, мост со стаклено дно, во одморалиште во провинцијата Џилин во северо-источна Кина, остана без неколку стаклени плочи, откако силен ветер ги однесе. Ветровите околу планината Пијан во градот Лонгјинг, наводно, достигнале повеќе од 150 километри на час.

Неименуваниот турист  кратко време  бил заробен на мостот. За среќа, откако му било кажано како да се симне од тим на пожарникари, полицајци и други локални жители, тој успеал да се врати на безбедно. Подоцна бил пренесен во болница и се вели дека добивал психолошко советување по инцидентот.

Фотографиите од заглавениот човек беа споделени на кинеската апликација Веибо, каде што собра повеќе од четири милиони прегледи. „Токму затоа не се осмелувам да стапнам на тој мост“, напиша еден корисник, а друг коментираше: „Колку често се реновира мостов?“

Друг напиша: „Толку многу мостови од стакло се изградени во последниве години и се многу популарни кај туристите. Но како можеме да бидеме сигурни дека се безбедни? ’

Во текот на изминатите пет години, изградени се најмалку 60 слични мостови заради огромната популарност на социјалните мрежи.

Одморалиштето е привремено затворено по инцидентот.