„Прости синко што дојдов до твојата врата и ги исплашив децата“ – Трогателна, современа приказна која вреди да се прочита

Оваа трогателна приказна за една несреќна мајка која била отфрлена од сопствениот син, не остава никого рамнодушен, а е вистински доказ дека нема ништо помоќно од мајчинската љубов.

„Ја мразев и ми беше срам од неа. Таа работеше како готвачка во моето училиште. Еден ден мајка ми влезе во мојата училница за да ме поздрави, а подоцна соучениците ме исмеваа и ми беше премногу непријатно. Едноставно пропаднав во земја од срам. Сакав мајка ми да исчезне од мојот живот!

Кога завршија часовите и повторно се видовме, реков дека ме посрамотила и дека подобро би било да умре! Мајка ми на тоа ништо не ми одговори, само ме гледаше. Не застанав ниту за момент да помислам за тоа што го изговорив, едноставно бев премногу лут. Не ме интересираа нејзините чувства. Посакав само таа да си отиде дома и никогаш да не се врати.

Неколку години подоцна добив можностн да отидам во Сингапур, да работам на истражувачки проект. Таму се оженив, купив куќа и веќе имам 2 деца. Конечно бев среќен и задоволен од животот. Но, еден ден мајка ми реши да ме посети. Се немавме видено со години и таа никогаш ги немаше видено нејзините внуци. Се појави на мојата врата, а моите деца веднаш започнаа да се смеат. Јас веднаш извикав: „Како се осмелуваш да ми доаѓаш дома и да ми ги плашиш децата? Си дошла непоканета. Оди си веќе еднаш!“

Мајка ми на сето тоа само тивко одговори: „Се извинувам, сум ја погрешила адресата.“ и исчезна. По неколку дена добив покана од моето старо училиште да присуствувам на свечен настан по повод годишнината од завршувањето.

Се вратив во родниот град, сакав да ги видам моите соученици, но кога пристигнав таму, разбрав од жителите дека мајка ми починала. Ниту солза не пуштив. Ми дадоа само едно писмо, за кое рекоа дека го оставила за мене…

– „Драг мој сине, мислев на тебе цело време. Прости што дојдов до твојот дом и ги исплашив твоите деца. Ми беше премногу мило кога слушнав дека си успеал во животот. Жалам што отсекогаш ти бев товар и те срамев. Не знаеш, но кога беше дете се случи инцидент, во кој ти го загуби твоето око. Како мајка не можев да поднесам да пораснеш со едно око. Откако лекарите те прегледаа, ми кажаа дека никогаш нема да можеш да гледаш и затоа јас без двоумење, веднаш ти го подарив моето. Бев горда на самата себе, но најмногу на тебе бидејќи знаев дека така ќе можеш да го освоиш светот.

Со љубов и засекогаш со тебе, твојата мајка.“