Проучив илјадници случаи со искуства блиску до смртта и се уверив дека задгробен живот навистина постои

Гледањето силна светлина или лебдењето како дух над сопственото тело станаа културни тропи  за опишување на искуства блиску до смртта.

Д-р Џефри Лонг, експерт за рак од Кентаки, верува дека овие работи се вистина по децении проучување на илјадници случаи.

 

Д-р Лонг, кој порано бил скептик, вели дека годините на истражување на сличностите меѓу различните извештаи на луѓето кои биле блиску до смртта ги нарушиле неговите сопствени верувања и скептицизам за можен задгробен живот.

Досега има собрано повеќе од 5.000 случаи на над 30 јазици од луѓе од различни религии и културно потекло.

Пред 37 години, една статија во списанието на Американското медицинско здружение го разбудила интересот на д-р Лонг за она што авторите го нарекуваа искуства блиску до смрт, нешто што тие го презентираа без клиничко или медицинско објаснување.

Д-р Лонг изјави: „Целата моја медицинска обука ми кажа дека си или жив или мртов. Немаше измеѓу. Но, одеднаш, читав од кардиолог кој опишува пациенти кои умреле, а потоа оживеале, известувајќи за многу различни, речиси неверојатни искуства“.

 

Тој го опиша искуството блиску до смртта како личност која е или во кома или клинички мртва без отчукување на срцето додека сè уште има луцидно искуство во кое чувствува емоции, гледа и слуша, како и комуницира со други суштества.

Тој проценил илјадници приказни, од кои сите се неверојатно слични без оглед на системот на верување на личноста, без разлика дали се христијани, муслимани, хинду, Евреи или атеисти.

Во 1998 година, тој и неговата сопруга ја основаа „Фондацијата за истражување на искуството блиску до смртта“, чија веб-страница им овозможува на луѓето од целиот свет да ги документираат сопствените духовни и вонтелесни искуства.

Еден корисник по име Хари рече: „Најблиску до мене беа моите родители, баба и дедо, семејството кои починаа претходно – и поврзани со нив подалеку беа блиски пријатели, а поврзани со нив беа луѓе кои влијаеа на мене и на кои јас имав влијание“.

Една девојка напиша: „Ме проголта чиста, сјајна светлина и повеќе немав физичко тело. Но, јас сепак постоев? Немав очи да видам, но гледав се околу мене. Бев во центарот на една огромна ништожност, но ништожноста не беше празна. Таа беше целосно исполнета со присуството на Бог“.

А од Италија, корисничка по име Сара рече: „Овие три чисти суштества ми зборуваа на различен јазик. Ги користеа моите мисли, но тоа беше поинаку од мислите… Веќе знаев дека со тоа што сум покрај нив, се ми се враќа. Ми дадоа толку многу љубов… Не сакав да заминам, но морав да се вратам. Така мораше да биде“.

 

Преку своето повеќедецениско истражување, д-р Лонг заклучил дека околу 45 проценти од искуствата блиску до смртта вклучуваат чувство на надвор од телото, во кое свеста на луѓето е одвоена од нивното физичко битие.

Околу три четвртини од оние кои го доживеале ова изјавиле дека сакаат да останат во задгробниот живот поради огромната љубов и радост што ги преплавиле. Повеќе од половина велат дека виделе „небесно“ царство, а околу една четвртина од нив се обвиени со светлина или магла.

Ова исто така значи, додаде тој, дека речиси 100 отсто од оние кои имаат искуство со смртта повеќе не се плашат од неа.

Неговото истражување трајно го сменил начинот на кој д-р Лонг се грижи за своите пациенти. Претходно, тој не би го спомнал своето истражување на оваа конкретна област, но ако неговите пациенти сакаат да зборуваат за тоа, тој не се воздржува.

Д-р Лонг рече: „Им велам дека врз основа на моето истражување, многу сум уверен дека има прекрасен задгробен живот за сите нас и дека повторно ќе се соединиме со нашите починати сакани. И тоа е длабоко смирувачко за нив. За мене е благослов да можам да го споделам тоа со нив“.

Тој додаде дека тоа му помогнало да биде подобар лекар кој им помага на своите пациенти да се справат со болестите опасни по живот со „зголемена храброст и страст“.

„Мојата цел е да им помогнам да имаат повеќе здрави денови овде на Земјата. Но, јас цврсто верувам дека ако и кога ќе си заминат, ќе бидат спокојни“.

  • Savica напиша:

    Toa sto site go velat”Neka pociva vo mir i spokoj na dusata”,se ostvaruva od nivnite ubavi poraki

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *