Прв КОШМАРЕН состанок: „Момчето со кое бев договорена да се сретнам, покани уште две други девојки на нашата прва средба“

Меган Џејмс, познат како @megan_a_james на „TikTok“, стана вирална на апликацијата откако ја сподели приказната за неодамнешниот состанок со момче кое донело две други жени со него, со намера да создаде „совршена комбинација“.

„Метју, ако го гледаш ова, те молам, оди на терапија… Господ знае, морам после ова“, напиша Џејмс (26) на своето видео со над 384.000 прегледи објавено на 9 септември.
Во видеото од две и пол минути, Џејмс открива како го доживеала својот најлош прв состанок досега.
„Тој беше еден просечен човек“, рече Џејмс. „Буквално ништо во неговиот профил не можеше да ме подготви за она што следуваше“.
Двојката се договорила да се сретнат во италијански ресторан кој бил 15 минути оддалечен од нејзината куќа. Кога пристигнала на својата дестинација, нејзиниот несуден партнер ја чекал надвор.

 

 

Двојката седнале внатре на маса за четворица, не очекувајќи дека некој ќе ги пополни другите две седишта. Наскоро, Џејмс видела жена како се приближува до масата за која претпоставува дека е „келнерката“. Таа едноставно ме погледна и смешно и лежерно се претстави“, откри инфлуенсерката. Потоа, друга жена се приближува и седнува повторно.

Тогаш една од девојките праша како го познавам Метју. „Ова е нашиот прв состанок. Како го познаваш Метју?“ – изјавила Меган.

„Мислев дека ова е нашиот прв состанок“, одговорила другата девојка.
Џејмс подоцна им објасни на гледачите на „TikTok“ дека таа првично мислела дека тој ги поканил своите пријатели на нивниот состанок, бидејќи „луѓето се чудни“.
И таа била во право. Овој човек бил чуден.
„Тој го закажал овој состанок во исто време за да се сретнеме сите тројца“, се потсмеа Џејмс. „Тој се обидуваше да го забрза процесот на пронаоѓање на својата совршена партнерка“.

Откако тој признал, Џејмс и двете дами знаеле дека е време овој состанок да заврши.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Нема другарки на кои оваа непријатна случка би требало да им ја раскаже, па нас (мислам, на целиот свет) не замара!!! Веќе оддамна не постои приватност, секој ден и движење се слика, објавува и коментира! Тоа би било во ред, ако презентерот има интересен живот! А, тоа не е дефинитивно оваа млада госпоџица!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *