Првата новооткриена комета од 2020 година е сега видлива со голо око

Позната на астрономите како NEOWISE или според нејзиното официјално име C/2020 F3 оваа комета беше забележана од сателитот NEOWISE на НАСА уште во март, кога го правеше својот првичен пристап кон нашето Сонце.

Откако преживеа круг околу Сонцето и се очекува да стане целосно видлива на Земјата на 23 јули и се очекува да остане видлива со голо око во текот на целиот јули.

Кометата NEOWISE беше забележана на Земјата кога го достигна својот најблизок пристап кон нашето сонце, во рамките на орбитата на Меркур. За среќа, оваа комета не претставува никаква опасност за нашата планета. Оние кои се заинтеренсирани за вселената ќе можат да ја видат кометата како се искачува повисоко на небото се додека не исчезне целосно во август.

Меѓупланетарниот леден брег го преживеа сончевото греење, досега, и сега е се поблизу до Земјата додека ја започнува својата долга патека назад кон надворешниот Сончев систем. Бидејќи кометата NEOWISE стана една од ретките кои можат да се видат со голо око во 21 век еќе е фотографирана на многу познати места и градови низ целиот свет.

Идната осветленост на кометата NEOWISE останува неизвесна, но кометата, најверојатно, ќе продолжи да биде видлива не само во раното утринско небо, туку и следната недела на раното вечерно небо.