Први „вонземски“ објекти пронајдени на Земјата? Физичарот од Харвард, Ави Лоеб, вели дека стотици мали фрагменти што ги пронашол на дното на Тихиот Океан се дојдени надвор од нашиот Сончев систем

Научниците тврдат дека за прв пат во историјата пронашле материјал кој потекнува надвор од нашиот Сончев систем.

 

 

Физичарот од Харвард, професор Ави Леб, вели дека раната анализа на металните фрагменти што неговиот тим ги пронашол во Тихиот Океан во јуни, сугерира дека тие дошле од меѓуѕвездениот простор. Остатоците се дојдени од објект сличен на метеор кој се урнал во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година, а професорот Лоеб не исклучува дека може да бидат делови од вонземско летало. Тимот пронашол околу 700 ситни метални сфери за време на експедицијата, а 57-те анализирани содржат композиции кои не се совпаѓаат со никакви природни или вештачки легури.

 

 

Наодите сè уште не даваат одговор дали  остатоците се вештачки или природни по потекло – за што професорот Лоеб вели дека е следното прашање на кое неговото истражување има за цел да одговори.

„Ова е историско откритие бидејќи е првпат луѓето да стават рака на материјали од голем објект што пристигнал на Земјата надвор од Сончевиот систем“, изјави во вторникот професорот Леб.
Професорот Лоеб, исто така, изјави дека идните истражувања ќе одговорат дали фрагментите се едноставно дел од вселенска карпа или остатоци од вонземска технологија што лебди низ космосот со милениуми.

 

 

„Засега сакавме да провериме дали материјалите се надвор од Сончевиот систем“, рече тој.

„Успехот на експедицијата ја илустрира вредноста на преземањето ризици во науката и покрај сите шанси како можност за откривање на ново знаење“.

Лоеб и неговиот тим ја објавија својата студија за наодите, која допрва треба да биде рецензирана.

 

Анализата на фрагментите покажа дека тие се богати со берилиум, лантан и ураниум, заедно со мала содржина на елементи кои се врзуваат за железо, како што е рениумот – еден од најретките елементи пронајдени на Земјата. Додека елементите се наоѓаат на Земјата, професорот Лоеб објасни дека обрасците не се совпаѓаат со легурите кои се наоѓаат на нашата планета, Месечината, Марс или другите природни метеорити во Сончевиот систем.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *