Првиот ден на новата работа поминал совршено: Девојката се заглавила во тоалетот на новата работа цели 30 минути. Што мислите кој прекар ќе ѝ го дадат после ова видео?
На 23-годишната Лола Бриџер првиот работен ден како административна секретарка во Лондон ѝ тргнал наопаку. Се заглавила во тоалетот 30 минути и колегите морале да ја скршат вратата за да успее да излезе.
Лола рече дека работите станале сериозни кога почнала да се чувствува „клаустрофобично“, додека нејзиното тело почнало да се загрева.
„Клаустрофобична сум и станав и имав напливи на жештина и пот. Плус, моите пријатели се смееја на фактот што им кажав дека сум заглавена. Помислив да снимам за да не мислам толку сериозно на работите и да се смеам со моите пријатели. Потоа, откако бев спасена, отидов директно во паб на големо пиво бидејќи сето тоа беше малку премногу за мене. Бев малку засрамена, но тоа не беше моја вина, па ја погледнав смешната страна на работите. Утрото испратија е-пошта на работа во која изјавија дека новата вработена Лола се заглавила во тоалетот вчера и дека вратата мора да се отстрани – тоа беше уште посрамно!“

Коментирај анонимно