Првиот „летечки костим за болничари“ полета во Британија

Првиот костум за медицински лица кој ќе служи за летање беше тестиран во Велика Британија во областа Лејк. Џет костумот со моќност од 1050 КС беше развиен како соработка помеѓу Гравити Индустрис и Службата за брза помош. За време на тестот, основачот и главниот пилот на тестот на „Гравити индустрис“ Ричард Браунинг полета од дното на долината до симулираното место „каде се наоѓа жртвата“ до каде што би биле потрени 25 минути за да се стигне пеш.

Колку за споредба, гравитациониот џет е способен да го покрие истото растојание за само 90 секунди. Ова потенцијално ќе им овозможи на оние што реагираат на итни случаи да стигнат до местата на жртви со многу поголема брзина, спасувајќи многу животи како резултат на тоа.

Во оваа тешко достапна област бележат околу 10 случаи во кои е била потребна интервенција на медицинските екипи, а тоа е прилично отежнато кога станува збор за ваков терен. Сега на ова и на сличните места ќе може да се употребува овој костум за летање.