Првиот состанок им бил „на слепо“ и посвоиле дете по 2 месеци заедно. Погледнете ја необичната љубовна приказна на Мишел Фајфер и Дејвид Кели која ги руши сите стереотипи за холивудски брак

Врските имаат неизговорено сценарио: запознавање, запросување, свадба, раѓање деца и среќно живеење заедно долги години. Протагонистите на оваа статија имаат сосема поинаква приказна. Романсата на Мишел Фајфер и Дејвид Кели е навистина извонредна.

 

1. „Тие се запознале на состанок на слепо“

 

Мишел Фајфер и Дејвид Кели се запознале на состанок на слепо договорен од заеднички пријател во јануари 1993 годин. Нивниот состанок не бил необичен. Наместо да одат во скап ресторан, тие само отишле на куглање. Но, оваа романса целосно ќе ги промени нивните животи истата година.

Изненадувачки е, но, на почетокот, Мишел размислувала да го запознае Дејвид со нејзината сестра Деди. Меѓутоа, пријателот што ги запознал ја запрел и рекол: „Не се осмелувај. Седам спроти твојот иден сопруг“.

 

2. „Романсата ја започнале со посвојување дете“

Нивната романса започнала на необичен начин бидејќи во моментот на нивниот состанок Мишел Фајфер била во процес на посвојување. Но, тоа не му било важно на Дејвид. Тие биле толку сигурни во своите чувства што брзо одлучиле дека ќе го одгледуваат детето заедно. Освен тоа и двајцата биле возрасни подготвени да формираат семејство и да станат родители. Така, само неколку месеци откако почнале да излегуваат, ја добиле ќерката Клаудија.

 

3. „Тие се венчале 10 месеци по првиот состанок“

Кога двојката добила дете два месеци откако ја започнале врската, не е чудно што тие сакале брзо да се венчаат. Така, Мишел и Дејвид се венчале 10 месеци по нивниот прв состанок.

Тоа бил прв брак за Дејвид, а втор за Мишел. Во 1981 година, таа се омажи за актерот Питер Хортон, но се разведе седум години подоцна. Мишел вели дека тоа бил лош брак бидејќи и двајцата биле премногу млади. Но, кога се омажила за Дејвид, таа била навистина сигурна во својот избор.

 

4. „Една година по свадбата добиле син“

Нивната венчавка не беше точка каде што нивната врска забави. Напротив, 9 месеци по церемонијата, тие добија син по име Џон Хенри. Тоа бил моментот кога Мишел сфатила дека нејзините приоритети се промениле и направи пауза во кариерата за да се фокусира на своите деца.

 

5. „Тие си имаат состаноци секоја сабота“

Секоја сабота навечер, Мишел и Дејвид имаат состанок. Обично е вечера и гледање филм заедно. Оваа традиција ја започнале кога ја добиле ќерката Клаудија. Нивниот меден месец бил во полн ек и сакале работите да останат романтични, иако имале непроспиени ноќи поради бебето. Оваа навика е сè уште жива и по 29 години подоцна, тие сè уште брзаат да имаат состанок секоја сабота.

 

6. „Тие велат дека тајната на нивниот браќ е чистата среќа“

Речиси 3 децении Мишел и Дејвид се лојални еден на друг. Среќниот брак има многу тајни – саботни состаноци, неработење заедно, заеднички вредности, меѓусебно почитување и држење за рака. Но, Мишел смета дека главната тајна е чистата среќа. Среќата дозволила таа и Дејвид да се пронајдат меѓу милијарди други луѓе на планетата и заедно да создадат среќно семејство.

„Навистина добро избрав со Дејвид. Имав навистина среќа. … Никогаш не го земам здраво за готово. Никогаш не сум сретнала личност која има повеќе интегритет од мојот сопруг. Јас го почитувам тоа. Тука се и неговиот хумор и интелигенција, а тој е навистина симпатичен, сите тие работи – но ако не го почитувате партнерот, ќе ви се гади од него“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *