Првото испечатено училиште во светот на рајски остров кој мириса на ванила

До крајот на годината ќе биде отпечатено првото училиште во светот – на африканскиот остров Мадагаскар во Индискиот океан. Станува збор за хибрид чии sидови ќе бидат отпечатени, а чии прозорци, врати и покрив ќе бидат изработени од локално собрани материјали за да можат подобро да се вклопат во околината.

Бидејќи 3Д печатачот има ограничување на дијаметарот што може да го отпечати, училиштето е дизајнирано како збир на меѓусебно поврзани простории-капсули кои можат да се ажурираат и прошират по потреба. Училиштето е дизајнирано од архитектонската агенција Студио Мортазави и ќе биде отпечатено од финската компанија „Хиперион роботикс“ во градот Фјаранарансоа во Мадагаскар. Треба да се простира на 230 квадратни метри и ќе биде наменет за дваесетина ученици.

Зад сето тоа стои непрофитната американска организација Thinking Huts, која сака да го поттикне образованието на места каде што училиштата се реткост. Иако Мадагаскар е водечки производител на ванила во светот, околу 80 проценти од населението во таа островска земја живее во сиромаштија, а 60 проценти од децата кои треба да се во основно училиште не се запишани во училиште затоа што нема слободно место за нив.

Мадагаскар беше избран за пилот проект за 3Д печатење на училиштата заради големиот економски потенцијал, но и заради политичката стабилност. Доколку проектот се покаже ефикасен, училиштата ќе се печатат на целиот остров во иднина. Погледнете како треба да изгледа печатеното училиште во галеријата со фотографии.