Психијатарот на бившата (виц)

Ми ѕвони телефонот. Непознат број. Кревам… Женски глас:
– Добар ден. Сигурно се прашувате која сум јас. Јас сум психијатар.
– Добар ден. Повелете, како можам да ви помогнам.
– Ситуацијата за која ви се јавувам е малку незгодна. Јас сум психијатар на вашата бивша. Веќе доста време не дошла на третман, јас сум малку во криза со пари, а за една недела одам на одмор во Грција. Може ли да ве замолам да ѝ испратите една СМС порака дека ви недостасува?!