Птица била причината за смртта на 179 патници на авионот на „Jeju Air“ од Јужна Кореја – немало доволно време за реакција од предупредувањето до слетувањето

Трагедија го погоди летот на „Jeju Air“ од Бангкок до Јужна Кореја, каде што авион со 175 патници и 6 члена екипаж се урна на аеродромот Муан, предизвикувајќи смрт на 179 лица. Удар од птица предизвикал дефект во опремата за слетување, што довело до присилно „слетување“ и судир со бетонски ѕид. Авионската несреќа е една од најголемите во историјата на Јужна Кореја.

 

 

 

Сведоци пријавиле искри и експлозии уште при првиот обид за слетување. Авионската контрола предупредила за удар од птица, но краткиот временски интервал меѓу предупредувањето и прогласувањето „Mayday“ ограничил простор за реакција. Пилотот со 9.800 часа летачко искуство го насочил авионот за алтернативно слетување, но опремата за слетување не се отворила.

 

 

 

Спасени се два члена на екипажот, додека останатите патници и екипажот загинале. Пожарникарите и спасувачките служби со 32 возила и над 1.500 луѓе го изгаснаа пожарот, но идентификацијата на жртвите е отежната поради степенот на уништување. Меѓу жртвите се и пет деца под десетгодишна возраст, а најмладиот патник имал три години.

 

 

Извршниот директор на „Jeju Air“ изрази длабоко жалење, додека експерти нагласуваат дека несреќата е резултат на синџир од несреќни околности, а не конструкциска грешка. Властите започнаа истрага за утврдување на точната причина за катастрофата, која се случи на 15-годишниот Boeing 737-800.

Голем број светски лидери испратија сочувство, а Јужна Кореја прогласи национална жалост.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *