Пустината Сахара била најопасното место на Земјата пред 100 милиони години, според науката

И покрај тоа што на најголем дел од нас ни е тешко да замислиме како изгледал светот пред 100 милиони години научниците штотуку ни покажаа како изгледало најопасното место на светот во тоа време. Дефинитивно доколку некогаш се измисли машина за патување низ времето треба да го избегнуваме Мароко и околината во тој период.

Тоа е затоа што меѓународниот тим на научници, предводен од палеонтологот д-р Низар Ибрахим од Универзитетот во Детроит Мерси и Универзитетот во Портсмут, дојдоа до заклучок дека Сахара е „најопасното место во историјата на планетата Земја“.

Ова во голема мерка се сведува на фактот дека некои од најголемите предаторски диносауруси во историјата некогаш шетале во овој регион. Студијата разгледала фосилни ‘рбетници од областа на карпести формации во југо-источно Мароко, познати како Кем Кем груп.

Во тоа време, областа опфаќала речен систем богат со водни и копнени животни, и како таков содржел и многу предатори, почнувајќи од огромни копнени диносауруси до летачки птеросаури.

„Ова е веројатно најопасното место во историјата на планетата Земја, место каде човекот-патник не би траел многу долго.“, велат научниците. Освен копнените животни и водниот свет бил смртоносен со огромни риби и слатководни ајкули.

Д-р Ибрахим, патувал низ целиот свет за да ги проучува фосилите на Кем Кем Груп  „најсеопфатно дело на фосилни ‘рбетници од Сахара во скоро еден век“.  Додека уметникот Давиде Банадона преку своите слики опиша како би изгледала Сахара во тоа време или доколку ја посети патник низ времето.