‘Рѓосан нож е отстранет од глава на човек цели 26 години откако бил избоден

На кинескиот земјоделец му е дадена „втора шанса за живот“ откако лекарите му извадија ‘рѓосано сечило од главата 26 години откако го проболе со нож. Г-дин Дуорија бил насилно избоден во средината на 90-тите години со што ‘рѓосан нож долг 10см му останал заглавен во главата.

Од тој инцидент, тој не бил во можност да го отстрани. Но, благодарени на модерната медицина хирурзите конечно го ослободија од страшната болка и му го отстранија ножот од главата. Персоналот од болницата Шандонг вели дека Дуорија е вистинско чудо.

76-годишниот, од руралниот округот Хаијан во северо-западната провинција Кингхаи, бил примен во болницата во март откако лекарите дознале за неговиот шокантен случај. Селанецот кој си чува кози патувал 3.000 километри за бесплатната операција.

Тој побарал помош во 2012 година кога поради повредата имал силни главоболки, губење на видот на едното око и слухот на едното уво, но од блиските болници никој не се сметал за подготвен да му помогне затоа што така животот би му бил во голема опасност.

Операцијата тарела само два часа и Дуорија е во одлична здравствена состојба, тој сега дури може и да се движи сам а страшните главоболки повеќе ги нема.