„Работам со тинејџери што стигнуваат до Харвард, Станфорд и Принстон – ова се 4 работи што нивните родители никогаш не ги прават“

Тео Волф е писател, едукатор и ко-основач на Spike Lab, програма што им помага на средношколци да изградат страст, цел и успешни проекти. Досега има менторирано стотици ученици, а многумина од нив се запишаа на врвни универзитети како Харвард, Принстон и Станфорд.

***

Во текот на повеќе од 10 години како ментор за воннаставни активности, имав можност не само да ги следам учениците, туку и да ги запознаам нивните семејства. Еве четири клучни работи што родителите на најуспешните деца никогаш не ги правеа:

 

Работам со тинејџери што стигнаа до Харвард, Станфорд и Принстон – ова се 4 работи што нивните родители никогаш не ги правеа

1. Никогаш не го гледаат приемот на одреден универзитет како единствена цел за среќен живот

Некои родители го гледаат уписот на „елитен“ факултет како целта на животот, па започнуваат со подготовки многу рано, водејќи ги децата низ бескрајни тестирања и активности.
Но, најдобрите родители се фокусираат на развивање на вештини: иницијатива, креативност, комуникација, критичко размислување. Успехот треба да биде целта – а приемот на добар факултет само резултат. Прашајте се: „Дали моето дете ќе успее каде и да е?“ Ако одговорот е „да“, тогаш шансите сами ќе пораснат.

 

1. Никогаш не го гледаат приемот на одреден универзитет како единствена цел за среќен живот

2. Никогаш не дозволуваат другите да им диктираат што треба да прави нивното дете

Многу родители запишуваат деца на активности само затоа што „сите тоа го прават“. Но тоа создава генерациски идентични биографии и деца без јасна самосвест.
Еден мој ученик зема напреден предмет кој не го интересираше, само затоа што „сите го земаат“. Родителите треба да ги охрабрат децата да ги следат своите интереси, не туѓите очекувања. Наместо „треба да си како сите“, помогнете им да откријат кои се тие – и тоа е најголемиот подарок.

 

2. Никогаш не дозволуваат другите да им диктираат што треба да прави нивното дете

3. Никогаш не се борат наместо своите деца

Т.н. „snowplow“ родители се оние кои секогаш расчистуваат пат за децата, решаваат проблеми наместо нив – од лоша оценка до конфликт со друг ученик.
Но со тоа им ја одземаат шансата да научат самостојност и самодоверба. Да, некогаш интервенцијата е потребна – но често, предизвикот е можност. Оставете ги да се соочат со тешки моменти – така се гради зрелост.

 

3. Никогаш не се борат наместо своите деца

4. Никогаш не ги заштитуваат децата од одбивање и неуспех

Во нашата програма, кога учениците ги анализираат своите најважни животни моменти – често не се тоа награди, туку одбивања: кога не ги примиле во тим, кога не успеале. Одбивањето учи издржливост.
Еден мој ученик испрати 70 мејлови до професори за стажирање – 69 одбија, еден прифати. Научи повеќе од тоа од која било лекција: скромност, упорност и вера во себе.
Децата не треба да се заштитуваат од светот – туку да се подготват за него. Ако им дадеме простор, тие често не само што ќе ги надминат стравовите – туку и нашите очекувања.

 

4. Никогаш не ги заштитуваат децата од одбивање и неуспех

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *