„Работата излезе од контрола“ – 18-годишник се бори со питон од 4.5 метри и 45 килограми
Тинејџер од Флорида беше пофален затоа што во неделата совладал огромен питон долг 4.5 метри за време на неговото прво патување во најјужниот национален парк Еверглејдс во државата.
Скролајте надолу за видео

18-годишниот Џек Кронин од Форт Мејерс, имаше само едно да каже откако импресивно го фати монструозниот влекач.
„Бев, како „Тоа е голема змија. Тоа беше мојот прв питон на кој скокнав. Имам фаќано мали змии, но ова беше мојот прв питон што некогаш сум го видел“.

Уште пострашно е дека сето ова било ноќе: „Одиме и таму седи гледам змиска глава, со големина на мојата глава. Ја запалив батериската ламба низ шумата за да го видам телото и не можев да го видам ни крајот. Тогаш, се разбира, сакав да скокнам на него. Така, скокнав на него, го фатив за глава, а потоа тој се налути и сето тоа се претвори во борење“.


Се прашувате зошто тинејџерот скокнал врз овој предатор сред ноќ? Се разбира, поради државно санкционираниот Флорида Пајтон предизвик.
Тоа е годишен натпревар кој им нуди на професионалците и на „натпреварувачите почетници“ 10.000 долари и други парични награди како поттик за отстранување на ѕверовите што му штетат на екосистемот од државата Соншајн.
Сепак, не треба да се грижите: потребна е обука за тоа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно