Работи кои ги правеле нашите предци, но ние денес не можеме никако да ги разбереме

Постои одреден романтизам што многу луѓе го поврзуваат со историјата, главно поради филмови како Троја, Гладијатор и ТВ серии како Спартак. Но, ако навистина ја проучувате историјата, ќе наидете на некои бизарни практики, како миење облека во урина или носење ананас на забави, но не за јадење.

Ги собравме најчудните практики во историјата за да споредиме колку различен бил животот на нашите предци од нашиот.

Античките грчки мажи не ги бакнувале своите жени.

Во Античка Грција, бакнувањето било повеќе знак на почит отколку романса. Мажите кои биле на иста социјална скала се бакнувале меѓусебно на усните. Бакнувањето меѓу мажите и жените било навредливо, главно затоа што жените не се сметале за еднакви со мажите.

Мажите во викторианската ера го пиеле својот чај во специјални чаши со мустаќи.

Во минатото, мажите кои ги сакале мустаќите и чајот со еднаков жар, имале интересно решение. Направиле мала чаша, само за господа со мустаќи која ги заштитува од течноста. Сфатете го како чашка за мажи со фенси влакна на лицето.

Се вели дека британскиот грнчар Харви Адамс ги правел овие чаши во 1870 -тите. И тие станале толку популарни, што тој се пензионирал во рок од 15 години.

За Грците, здолништата биле маженствени, а не панталоните.

За грчките мажи, здолништата, туниките и тогите биле она што е навистина маженствено. За нив, панталоните биле нешто што го носеле персиските варвари. Всушност, панталоните се сметале за женствени и биле исмевани. Ова е причината зошто Бред Пит носи здолништа во филмот Троја, каде го глуми мускулестиот Ахил.

Ананасите се сметале за симбол на статус.

Секој ананас вредел илјадници, а луѓето го носеле со себе во шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век, додека не скапат.

Античките Египќани користеле перници од дрво или камен.

Заборавете на удобност, во Антички Египет, па дури и во Кина, перниците биле направени од камен, дрво, па дури и порцелан. Бидејќи луѓето од тоа време спиеле на под, се користеле перници или потпирачи за глава за да се крене главата од подот за заштита од инсекти.

Удобно или не, овие камени перници служеле за одредена цел. Тие исто така се користеле во гробовите каде што ги држеле главите на починатите, бидејќи овој дел од телото се сметал за свет.

За Римјаните, урината била одлично средство за чистење.

За повеќето урината е само отпад од човечкото тело. Но за Римјаните, тоа било извор на амонијак, кој, пак, се сметал за нешто што може многу добро да исчисти. Според многу фрески пронајдени во Помпеи, валканата облека била натопена со урина за да се исчисти од нечистотија, масло и дамки.

Љубовта се докажувала со солзи, буквално.

Жените што ги плачеле за своите сопрузи, мртви или во војна, ги чувале солзите во специјални шишиња. Во суштина, колку повеќе солзи, толку е почиста и побожна жената. Подоцна, овие шишиња се користеле за складирање парфеми и масла.

Протезите порано биле направени од вистински заби.

Денес, протезите се прават со вештачки материјали што не предизвикуваат штета и можат да траат долго. Но порано, ако сте останале без заби, сте можеле да добиете нови.

Во минатото, протезите биле направени од вистински човечки заби. Се вели дека забите од жртвите на бојното поле често се користеле за правење протези. Но, можело да купите заби и од живи луѓе.

Потта на гладијаторот била ценета кај Римјаните.

За древната римска жена која сака да изгледа убаво, напивката за убавина била ​​пот од гладијатор. Откако гладијаторите се бореле, потта, крвта и нечистотијата од нивните тела се продавала пред арената.

Додека богатите жени можеле да си дозволат креми и парфеми, гладијаторската пот била третман за убавина за жените од средната класа.